Simonovski, Nikola and Gjorgjeska, Biljana (2023) Изработка и имплементација на ефективни стандардни оперативни постапки во фармацевтската индустрија. In: Прв симпозиум со меѓународно учество од областа на фармацијата „Фармацевтска грижа: актуелности, можности, предизвици“, 23 Sept 2023, Stip.
Text
kniga-na-apstrakti-fmn-farmacija-extract.pdf Download (1MB) |
|
Text
CREATION AND IMPLEMENTATION OF EFFECTIVE STANDARD OPERATING PROCEDURES IN THE PHARMACEUTICAL INDUSTRY.pdf Download (9MB) |
Abstract
Стандардните оперативни постапки (СОП-ови) претставуваат инструкции кои се пишуваат чекор-по-чекор, со цел правилно спроведување на постапката/активноста за која се изработени. Овој тип на документи се наменети да обезбедат конзистентност на постапката, точност и квалитет на производот/податоците кои произлегуваат по завршувањето на постапката/активноста. СОП-овите се нераздвоен дел од Системот за управување со квалитет (QMS) на една фармацевтска компанија. Обуката на персоналот според стандардните оперативни постапки, заедно со проценката за ефективноста на обуката, преставуваат суштински услови кои се воедно и барање на Добрата производна практика.
Ефективноста на стандардните оперативни постапки е резултат на правилен избор на лица кои ќе ја изработат, проверат и одобрат постапката. Овој тип на документи, како и останатите кои се дел од Системот за управување со квалитет, треба да бидат напишани во согласност со правилата кои се наведени во Добрата документациска практика. Правилната обука на засегнатиот персонал, а со тоа и имплементацијата на документот во рамки на организацијата, ја засилува ефективноста на стандардните оперативни постапки. На крајот треба секогаш да имаме стандардни оперативни постапки кои се редовно ревидирани и актуелни и ќе ја следат постапката/активноста за која и се напишани.
Клучни зборови: оперативна, постапка, СОП, стандардна, фармацевтска индустрија
Item Type: | Conference or Workshop Item (Poster) |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Health sciences Medical and Health Sciences > Other medical sciences |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Biljana Gorgeska |
Date Deposited: | 02 Oct 2023 09:30 |
Last Modified: | 02 Oct 2023 09:30 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/32291 |
Actions (login required)
View Item |