Taseva Vasileva, Ana Marija and Klinceva, Milka (2023) Лекот емпаглифлозин - три во едно. In: Prv simpozium so megunarodno ucestvo od oblasta na farmacijata ,,Farmacevtska griza: Aktuelnosti, moznosti i predizvici'', 23 Sept 2023, Мултимедијален центар на Универзитет Гоце Делчев, Штип, Северна Македонија.
Text
Programa.pdf Download (1MB) |
|
Image
Постер за фармација, Ана Марија.pdf Download (716kB) |
|
Text
kniga-na-apstrakti-fmn-farmacija (1).pdf Download (1MB) |
Abstract
Емпаглифлозин е високоселективен антихипергликемичен агенс кој припаѓа во класата на лекови наречени инхибитори на натриум-гликоза ко-транспортер 2 (SGLT-2). Преку инхибиција на SGLT-2, емпаглифлозинот ја намалува бубрежната реапсорпција на гликоза и ја зголемува уринарната екскреција на гликозата. Главна индикација за емпаглифлозин е третман на дијабетес мелитус тип 2, намалувајќи ја постпрандијалната и гликемијата на гладно, во монотерапија или со други хипогликемични лекови. Поради оригиналниот механизам на дејство, индикациите се проширија и кај пациенти со конгестивна срцева слабост и бубрежна слабост, независно од присуството на дијабетес мелитус тип 2 (EMPA-REG, EMPEROR-Reduced, EMPEROR-Preserved). Студијата EMPEROR-Reduced докажа дека кај пациенти со срцева слабост со намалена ежекциона фракција, емпаглифлозинот го намалува ризикот од кардиоваскуларна смрт, ризикот од декомпензации и број на хоспитализации и го забавува влошувањето на бубрежната функција. Тој е единствениот докажан лек за срцева слабост со сочувана ежекциона фракција (EMPEROR-Preserved). Студиите EMPA-TROPISM и SUGAR-DM-HF покажаа ефект на емпаглифлозинот врз морфолошките промени на левата комора. Европските препораки за срцева слабост од 2021 година, официјално го вклучија емпаглифлозинот, заедно со другите инхибитори на SGLT-2, во третманот на пациенти со срцева слабост, независно од присуството на дијабетес мелитус и ежекциона фракција (ниво на доказ: А, класа I). Третата индикација на емпаглифлозинот е терапија на бубрежна слабост, успорувајќи ја прогресијата на болеста (EMPA-KIDNEY). Лекот е одобрен од Американската агенција за храна и лекови како лек за хронична бубрежна слабост. Емпаглифлозинот и лековите од оваа група направија значаен исчекор во третманот на срцева слабост, бубрежна слабост и дијабетес мелитус тип 2.
Клучни зборови: бубрежна слабост, дијабетес мелитус тип 2, емпаглифлозин, инхибитори на натриум-гликоза ко-транспортер 2, срцева слабост.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Poster) |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Basic medicine |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Ana Marija Taseva |
Date Deposited: | 02 Oct 2023 09:12 |
Last Modified: | 02 Oct 2023 09:12 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/32281 |
Actions (login required)
View Item |