Карактеризација на минералниот профил на разни производи на функционална храна

Balabanova, Biljana and Spirova, Lolita (2023) Карактеризација на минералниот профил на разни производи на функционална храна. In: Прв симпозиум со меѓународно учество од областа на фармацијата „Фармацевтска грижа: актуелности, можности, предизвици“.

[thumbnail of kniga-na-apstrakti-fmn-farmacija (1) Balabanova  and Spirova.pdf] Text
kniga-na-apstrakti-fmn-farmacija (1) Balabanova and Spirova.pdf

Download (1MB)
[thumbnail of Poster-Balabanova-Spirova.pdf] Text
Poster-Balabanova-Spirova.pdf

Download (705kB)

Abstract

Функционалната храна се однесува на производи кои со долгорочно консумирање може превентивно или терапевтски да влијаат врз одредени аспекти на човековото здравје.
Функционалната храна претставува богат извор на биоактивни компоненти. Кога овие материи се внесуваат со исхраната во доволни, дефинирани и безбедни (нетоксични) количини
обезбедуваат научно потврдена и евидентирана нутритивна корист, во превенција, контрола и/или третманот на одредени хронични болести. Посебно значаен аспект на функционалната
храна е содржината на минералните елементи. Минералите имаат ефективна улога во метаболизмот и хомеостазата. Карактеризацијата на содржината на минералите во производи
на функционална храна може да обезбеди корисни информации за механизмите на апсорпцијата и биорасположливоста на истите. Утврдувањето на достапните и вкупните содржини на минералните елементи претставува корисна алатка во хемиската карактеризација на функционалната храна, со примена на софистицирани аналитички изотопски методи. Аналитички лидер во идентификацијата на содржината на минералните елементи претставува индуктивно спрегната плазма со масена спектрометрија (ICP-MS). Оваа инструментална техника обезбедува определување на минералниот профил со повеќе од 50 изотопи, вклучувајќи ги и елементите во траги.

Item Type: Conference or Workshop Item (Poster)
Subjects: Agricultural Sciences > Other agricultural sciences
Divisions: Faculty of Agriculture
Depositing User: Biljana Balabanova
Date Deposited: 28 Sep 2023 09:08
Last Modified: 28 Sep 2023 09:08
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/32271

Actions (login required)

View Item View Item