Макро и мини естетика во ортодонција

Atanasova, Sandra and Carceva-Salja, Sofija (2023) Макро и мини естетика во ортодонција. Knowledge – International Journal, 59 (4). pp. 355-361. ISSN 1857-923X

[thumbnail of KIJ, Vol. 59.4.pdf] Text
KIJ, Vol. 59.4.pdf

Download (832kB)
[thumbnail of MACRO AND MINI ESTHETICS IN ORTHODONTICS.pdf] Text
MACRO AND MINI ESTHETICS IN ORTHODONTICS.pdf

Download (685kB)

Abstract

Естетиката е субјективна дисциплина. Лицето е она што ја претставува личноста, она што ја дефинира и ја прави единствена. Разбирањето на пропорциите, естетиката и привлечноста на лицето е суштинска компонента на ортодонтската дијагноза. Технологијата стана поприсутна, со развиени пософистицирани методи за да се анализира и квантифицира што точно го прави човечкото лице привлечно. Важно е да се нагласи влијанието на забите во естетиката на насмевката, но и на естетиката на целото лице. Денес, пациентите кои се подложуваат на ортодонтски третман се повеќе го оценуваат исходот од нивниот третман не само преку оклузалната хармонија, туку и преку нивните насмевки и подобрувањето на целокупниот естетски изглед на лицето.
Целта на ова истражување е да се прошири знаењето за тоа како различни дентални и мекоткивни односи се поврзани со естетиката на насмевката. Асоцијациите помеѓу карактеристиките на насмевка се важни за естетиката и затоа дел од нив се објаснети. Пребарувањето за селекција на трудови е направено со користење на помошни алатки во базата на податоци на PubMed, преку претходно дефинирана стратегија.
Во оваа статија претставени се макро и мини естетските размислувања за ортодонтскиот третман за да се одредат новите концепти кои се основа на клиничката примена за постигнување на естетски резултат. Ортодонтската литература содржи многу студии базирани на анализи кои ги опфаќаат меките ткива и насмевката. Развојот на денешната технологија, постепено стави поголем акцент, естетската на насмевка да биде клучен посакуван исход на ортодонтскиот третман. Компонентите на насмевката добиваат огромно внимание и се дискутирани во литературата. Опсежните студии за лицевите карактеристики и параметрите на насмевка, резултираат со воспоставување на норми кои ортодонтите ќе ги користат како упатства во современата ортодонтска терапија.
Клучни зборови: макро естетика, мини естетика, насмевка, ортодонтски третман, параметри...

Item Type: Article
Subjects: Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Sandra Atanasova
Date Deposited: 28 Sep 2023 09:03
Last Modified: 28 Sep 2023 09:03
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/32263

Actions (login required)

View Item View Item