Carceva-Salja, Sofija and Atanasova, Sandra and Petrovski, Mihajlo (2023) Ефекти после лицева ортопедија кај пациенти со малоклузија III класа во различна возраст. Knowledge – International Journal, 59 (4). pp. 335-341. ISSN 1857-923X
Text
KIJ, Vol. 59.4.pdf Download (832kB) |
|
Text
EFFECT OF FACIAL ORTHOPEDIC TREATMENT IN CLASS III PATIENTS AT DIFFERENT AGE.pdf Download (886kB) |
Abstract
Имајки го на ум фактот дека модерната насмевка не значи само добро наредени заби, туку ,,атрактивна насмевка,, вклопена во балансирано лице со правилно поставени кранио-фацијални структури, прави лицевата ортопедија да станува се почест избор на третман кај скелетните аномалии. Овие аномалии во повеќето случаи се генетски предиспонирани и се поврзани со неправилен раст на кранио-фацијалните структури. Третманот на умерена малоклузија III класа кај пациенти во раст е насочен кон терапија на модификација на растот на вилиците после која следи втората фаза на третманот, со фиксни ортодонтски апарати. Поради постоењето на генетска основа кај скелетните аномалии, третманот на модификација на раст сеуште претставува прашање со различни одговори и пристапи од страна на ортодонтите.
За да дадеме сопствен придонес во одговорот на ова прашање си поставивме за цел - да го утврдиме влијанието на возраста врз ефекасноста на третманот со лицева протракциона маска кај пациенти со малоклузија III класа каде постои компонента на максиларен ретрогнатизам преку одредување на максиларни антеро-постериорни промемени, одредување на мегувилични антеро-постериорни промени и одредување на промени на профилен конвекситет во рана и доцна мешовита дентиција.
За реализирање на поставената цел беа опфатени 28 пациенти, со малоклузија III Класа (13 на 6-9 годишна возраст и 15 на 9-12 годишна возраст), каде постоеше максиларен ретрогнатизам. Третирани беа со лицева протракциона маска- Делерова маска и Hyrax апарат за РМЕ (онаму каде постоеше трансверзален максиларен дéфицит). Промените после спроведување на лицевиот ортопедски третман беа детектирани преку користење на профилна телерендгенска снимка направена пред и после третманот. Просечното време на третман изнесуваше 13 месеци.
Кефалометриските мерења после спроведениот третман, покажаа антериорно поместување на максилата регистрирано преку статистички сигнификантните промени (p<0,05) на должината на горната вилица Co-A и на SNA аголот кај пациентите со малоклузија III Класа. Испитуваните параметри за мегувиличен однос - аголот ANB(P<0.05),Wits appraisal и профилен конвекситет – NPg-A и NsSnPgs кај пациентите во рана и доцна мешовита дентиција после спроведениот третман со лицева протракциона маска покажаа сигнификантни промени поточно решавање на аномалијата и израмнување на конкавниот профил кај третираните пациенти кои беа понагласени во рана мешовита дентиција.Позначајните сигнификантни промени кај третираните пациенти на возраст од 6 до 9 години во споредба со оние од 9-12 години содржат важна клиничка порака. Клиничарите денес ќе можат со поголема одлучност да пристапат кон третирање на младите пациенти со умерена малоклузија III класа преку интерцептивен ортопедски третман.
Третирањето на пациентите порано, поточно веднаш после дијагностицирање на аномалијата, со блага хиперкорекција, може да обезбеди услови за нормален раст на краниофацијалниот комплекс кои позитивно ќе влијаат и врз понатамошниот раст на горната и долната вилица, како и на целокупниот психофизички развој кај пациентот.
Клучни зборови: Лицева ортопедија, Малоклузија III класа, максиларна протракција,мешовита дентиција
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Other medical sciences |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Sandra Atanasova |
Date Deposited: | 28 Sep 2023 08:54 |
Last Modified: | 28 Sep 2023 08:54 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/32256 |
Actions (login required)
View Item |