Фискалната политика во функција на заштита на животната средина

Matlievska, Margarita (2012) Фискалната политика во функција на заштита на животната средина. Proceeding of the First International Conference for Business, Economy and Finance “From Liberalization to Globalization: Challenges in a Changing World” Stip, 3-5 September, 2012. pp. 381-388. ISSN ISBN 978-608-4504-88-7

[thumbnail of Matlievska-ICBEF-Stip-Sept-2012.pdf]
Preview
Text
Matlievska-ICBEF-Stip-Sept-2012.pdf

Download (177kB) | Preview
Official URL: http://www.ugd.edu.mk

Abstract

Апстракт
Проблемите со деградацијата на животната средина и исцрпувањето на природните ресурси добиваат глобални размери. Напредните земји усвојуваат и спроведуваат закони во кои е утврдена фискална политика согласно која животната средина се штити и унапредува. Процесот на апроксимација на националното законодавство со acquis communitaire на Европската Унија резултираше со изработка на бројни закони кои регулираат различни области, меѓу кои и животната средина. Како резултат на тоа, во Република Македонија е усвоен основен пакет закони од областа на животната средина и заштита на нејзините медиуми, во кои се опфатени и финансиските инструменти. Но, за поцелосно зачувување на животната средина, финансиските инструменти треба да се опфатени и во законодавството кое регулира и други области.
Целта на овој труд е да утврди дали фискалната политика на Република Македонија е во насока на заштита на животната средина, како еден од фундаментите на одржливиот развој.
Во трудот, предмет на истражување се фискалните инструменти (даноци, царини, акцизи, субвенции, итн) утврдени во Законот за животна средина. Наедно, и легислативата која ја регулира даночната политика е предмет на истражување во трудот.
Врз основа на добиените резултати од спроведената анализа, може да се заклучи дека фискалните инструменти се добро опфатени и разработени во законите од сферата на фискалната политика, и во Законот за животна средина, и придонесуваат кон нејзина поголема заштита.
Трудот ја утврдува поврзаноста на фискалните инструменти со заштитата и унапредувањето на животната средина и ја дава основата за нивно понатамошно зголемување и подобрување. Освен за "зајакнување на свеста" кај државата и општеството за потребата од усвојување и спроведување на легислатива насочена кон заштита и унапредување на животната средина, ова истражување е од особена значајност за бизнис заедницата на Република Македонија.
Клучни зборови: фискална политика, даноци, царини, надоместоци, животна средина.

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Margarita Matlievska
Date Deposited: 10 Dec 2012 14:59
Last Modified: 10 Dec 2012 14:59
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/3225

Actions (login required)

View Item View Item