Маркетинг: основи за навигација во динамично опкружување

Jovanov, Tamara (2023) Маркетинг: основи за навигација во динамично опкружување. Универзитет Гоце Делчев, Штип, Е-библиотека.

[thumbnail of MARKETING - Lektorirana 2-1-10 repository.pdf] Text
MARKETING - Lektorirana 2-1-10 repository.pdf - Published Version

Download (287kB)

Abstract

Во денешниот свет на бизнисот кој постојано се менува, маркетингот е компас, GPS систем за навигација на организациите и компаниите кон деловниот успех. Маркетингот
е научна област која значително еволуираше со текот на времето, прилагодувајќи се на променливите фактори на влијание поврзани со однесувањето на потрошувачите,
технолошкиот напредок и општествените промени, воопшто.
За опстанок и резултати во ваква динамична средина, неопходно е солидно разбирање на основите на маркетингот.
Овој учебник служи како сеопфатен водич за студенти, практичари и сите заинтересирани, кои имаат за цел да ги откријат основите и принципите на маркетингот во современието. Учебникот е базиран на холистички пристап, опфаќајќи ги клучните принципи, поими, стратегии, тактики, техники и алатки кои ја формираат основата на ефективни и ефикасни маркетинг активности. Од традиционалните маркетиншки практики до најновите дигитални достигнувања, оваа книга ги открива клучните аспекти на маркетингот, обезбедувајќи го на читателите знаењето кое им е потребно за да напредуваат брзо и насочено, во променливата маркетиншка реалност.
Во учебникот „Маркетинг: Основи за навигација во динамична средина“, секое поглавје навлегува во клучните концепти, теории и примери од реалниот свет кои им даваат живот на принципите на маркетингот. Со комбинирање на академски пристап и практични согледувања на примената на знаењето, оваа книга има за цел да го премости јазот помеѓу теоријата и праксата, обезбедувајќи им на тој начин на читателите основа за информирано носење на маркетинг одлуки.

Item Type: Book
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Social Sciences > Media and communications
Social Sciences > Psychology
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Tamara Jovanov
Date Deposited: 18 Sep 2023 12:27
Last Modified: 18 Sep 2023 12:27
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/32212

Actions (login required)

View Item View Item