Metodijeski, Dejan (2023) Кетеринг менаџмент. Министерство за образование и наука на Република Северна Македонија, Скопје. ISBN 978-608-273-311-1
Text
Ucebnik Ketering Menadzment 2023.pdf Download (1MB) |
Abstract
Овој учебник е структуриран според наставната програма по предметот Кетеринг менаџмент за трета година и е наменет за учениците од секторот угостителство и туризам. Во разработката на материјалот користена е релевантна стручна литература од домашни и странски автори со цел сублимирање на досегашните изучувања од областа на кетеринг менаџментот кои на учениците ќе им помогнат да стекната нови знаења, вештини и компетенции. Содржината е концизна и прегледна, надополнета со фотографии, табели и дијаграми кои ќе допринесат за полесно разбирање и совладување на материјалот. Учебникот е поделен на четири модуларни единици, а секоја модуларна единица содржи резултати од учење, клучни зборови, наставни единици, прашања за проверување на знаењето, вежби и заклучоци.
Првата модуларна единица е насловена: „Поим, карактеристики и развој на кетерингот“ и во неа се опфатени содржини поврзани со факторите за развој на кетерингот, карактеристики на кетеринг дејноста, поврзаност на настаните со кетеринг дејноста и кетеринг активности во зависност од просторот.
Втората модуларна единица „Класификација на кетерингот“ се однесува на содржини поврзани со класифицирањето на различните видови кетеринг, како кетеринг за транспортни средства и надворешен кетеринг. Исто така, опфатени се трговскиот и специјализираниот кетеринг.
Во третата модуларна единица „Организација на кетеринг операции“ се обработуваат содржини поврзани со етапите во организацијата на кетеринг операциите, изработка на план за реализација на кетеринг операции, како и начините на реализација на кетеринг операциите.
Четвртата модуларна единица е „Креирање на кетеринг мени, одржлив кетеринг и кетеринг опрема“, а во неа се опфатени содржини поврзани со различните аспекти на составување мени за кетеринг. Опишани се одржливите практики во кетерингот, како и различните видови кетеринг опрема.
Материјалот во учебникот е подготвен согласно препораките на Законот за учебници за основно и средно образование, како и Концепцијата за изработка на учебник и методологија за вреднување на учебник на Бирото за развој на образованието.
Item Type: | Book |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
Divisions: | Faculty of Tourism and Business Logistics |
Depositing User: | Dejan Metodijeski |
Date Deposited: | 07 Sep 2023 11:48 |
Last Modified: | 07 Sep 2023 11:48 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/32183 |
Actions (login required)
View Item |