Хируршки третман на пролиферативна дијабетична ретинопатија: функционален и анатомски исход после витректомија

Ivanovska Adjievska, Biljana and Boskurt, Salih and Gineva, Natasha (2018) Хируршки третман на пролиферативна дијабетична ретинопатија: функционален и анатомски исход после витректомија. Macedonian Journal of Ophthalmology, 5 (2). pp. 34-39. ISSN 1857-9523

[thumbnail of Витректомија кај ПДР.pdf] Text
Витректомија кај ПДР.pdf - Published Version

Download (244kB)
Official URL: http://www.zom.mk/

Abstract

Вовед: За најчестите компликации на пролиферативната дијабетична ретинопатија (ПДР), кои се причина за тешко оштетување на видот, хируршкиот третман (витректомијата) претставува основа за натамошното лекување.
Цел: Да се евалуираат функционалниот и анатомски исход после витректомија кај очи со компликации од ПДР.
Материјал и методи: Ретроспективна интервенциона студија на пациенти со очни компликации од ПДР, третирани во периодот 2016 - 2018 година. Кај сите очи беше спроведена стандардна 20G три-порт парс-плана витректомија, во локална анестезија, од страна на еден искусен хирург (С.Б.). Сите случаи имаа комплетна офталмолошка евалуација и следење од најмалку 12 месеци.
Резултати: Витректомија беше направена кај 53 очи (47 пациенти), 29 (54,7%) со тракциона аблација на ретината, а 24 очи (45,3%) со перзистирачко крварење во стаклестото тело. Постоперативно, подобрување на видната острина имаше кај 34 очи (64,2%), стабилизирање кај 12 очи (22,6%), а влошување на НКВО имаше кај 9 очи (16,9%). Средната видната острина постоперативно беше сигнификантно подобра од преоперативната видна острина за p<0,01. 90,6% од случаите имаа стабилен анатомски резултати после иницијалната операција, а главни компликации беа: рекурентно крварење, ре-аблација и секундарен неоваскуларен глауком.
Заклучок: Витректомијата претставува ефективна процедура за третман на компликациите од пролиферативната дијабетична ретинопатија, при што соодветно спроведената интервенција обезбедува добра видна острина во подолг временски период и спречува појава на компликации кои би довеле до целосно губење на видот.

Item Type: Article
Subjects: Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Biljana Ivanovska-Adzievska
Date Deposited: 29 Aug 2023 12:24
Last Modified: 29 Aug 2023 12:24
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/32104

Actions (login required)

View Item View Item