Ivanovska Adjievska, Biljana and Buckoska, Violeta and Spasov, Vladimir and Gjorgjioski, Sasho (2023) Хируршки третман на витеомакуларен тракционен синдром – анатомски и функционален исход кај пациенти со макуларна дупка или епиретинална мембрана. Macedonian Journal of Ophthalmology, 10 (1). pp. 26-31. ISSN 1857-9523
Text
Хируршки третман на макуларна дупка и епиретинална мембрана.pdf - Published Version Download (313kB) |
Abstract
Целта на студијата е да се утврди анатомскиот и функционалниот исход од хируршкиот третман на очи со комплетна макуларна дупка или епиретинална мембрана со времетраење подолго од 6 месеци, после парс-плана витректомија, отстранување на ILM после боење со Brilliant Blue G и тампонада со гас (SF6), со период на следење од 1 година.
Хируршки третман беше извршен на 18 очи. Кај сите 9 очи со епиретинална мембрана беше регистрирано успешно отстранување на истата и сигнификантно намалување на централната фовеална дебелина. Кај 8 од 9 очи (89%) со макуларна дупка беше постигнато постоперативно анатомско затворање на истата.
Најдобро-корегирана видна острина се подобри од иницијалните 0,16 на 0,6 Snellen децимални единици после 12 месеци. Клинички сигнификантно подобрување на НКВО од најмалку 3 Snellen-ови беше регистрирано кај 94%.
Нашата серија пациенти со витреомакуларен тракционен синдром (макуларна дупка и/или епиретинална мембрана) хируршки третирани со pars plana витректомија и тампонада со гас SF6 покажа задоволителен анатомски и функционален исход во смисла на подобрување на видната острина.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Clinical medicine |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Biljana Ivanovska-Adzievska |
Date Deposited: | 29 Aug 2023 12:23 |
Last Modified: | 29 Aug 2023 12:23 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/32103 |
Actions (login required)
View Item |