Училишниот педагог во современото училиште-Докторска дисертација

Gacov, Sanja (2023) Училишниот педагог во современото училиште-Докторска дисертација. Doctoral thesis, Univerzitet - Goce Delcev.

[thumbnail of Училишниот педагог во современото училиште-Докторска дисертација] Text (Училишниот педагог во современото училиште-Докторска дисертација)
Училишниот педагог во современото училиште без насловна Lektor.pdf - Accepted Version

Download (2MB)

Abstract

Во училишниот систем во земјите, покрај наставниот кадар, во училиштата се ангажирани и професионални соработници – педагози чија основна задача е да обезбедат стручна помош и поддршка на учесниците во работата во училиштата за да бидат успешни во реализацијата на училишното образование и ефектите кои се постигнати да бидат подобри. Нивната професионална цел е насочена кон поттикнување на развојот и во идентификување и разбирање на тешкотиите со кои учениците се соочуваат и обезбедуваат помош во нивното надминување, како и спречување на тешкотии во учењето и однесувањето. Покрај тоа, нивната професионална улога се реализира и преку заеднички работа со наставниците и со раководството на училиштето со цел да се обезбедат оптимални услови за учење и развој на учениците и успешното функционирање на училиштето како институција. Тие, исто така, обезбедуваат поддршка на родителите и одговараат на прашања важни за успешно одвивање на воспитно – образовниот процес. Веќе не е доволно за модерно училиште да обезбеди дипломиран педагог со знаење за децениите што доаѓаат. На пазарот на трудот и од гледна точка на животните перспективи, способноста и подготвеноста да учат и да ги преквалификуваат целиот свој живот стануваат сè побарани, и за ова, очигледно, потребно е да се научи поинаку, на различни начини. Во докторската дисертација ќе изнесеме и факти за работата на педагогот во 12 различни земји: Австрија, Србија, Бугарија, Данска, Хрватска, Ирска, Македонија, Малта, Русија, Америка, Словенија и Обединетото Кралство. Овде ќе елаборираме за стручната работа на педагозите во секоја од избраните земји врз основа на следниве елементи и аспекти: нормативна рамка, услови за вработување, улогата на педагозите, функцијата на педагозите, соработка со другите, статистика.

Клучни зборови: педагог, образование, ученик, наставник

Item Type: Thesis (Doctoral)
Subjects: Social Sciences > Educational sciences
Divisions: Faculty of Educational Science
Depositing User: Sanja Gacov
Date Deposited: 24 Aug 2023 09:57
Last Modified: 25 Aug 2023 07:29
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/32084

Actions (login required)

View Item View Item