Родовата рамноправност стереотипна фраза или демократско право;

Jovanovski, Zoran and Ivanova P, Elena (2019) Родовата рамноправност стереотипна фраза или демократско право;. In: Научни скуп „Право, традиција и промјене“, 26 Oct 2019, Pale, East Sarajevo.

This is the latest version of this item.

[thumbnail of Родовата рамноправност стереотипна фраза или демократско право.pdf] Text
Родовата рамноправност стереотипна фраза или демократско право.pdf

Download (1MB)

Abstract

Нееднаквоста меѓу мажот и жената има долга традиција. Таа слика на поделеност која низ историјата се провлекуваше, не делуваше стабилизирачки за општеството. Борбата за рамно-правност на жената била долга, а соперници во оваа борба за еднаквост и рамноправност биле патријархатот и традицијата.
Кон средината на минатиот век се јавува потреба оваа борба да се крене на нозе, а тоа се оствари преку интернационалната правна рамка на Организацијата на Обединетите нации за промовирање на родовата рамноправност. Co низа меѓународни акти се еволуираше во полза на жената, односно од една страна жените добија еднакви можности, а од друга страна се обезбеди чистење од традиционалните елементи. Рамноправноста не значи дека жените и мажите се исти или треба да станат исти, туку дека нивното уживање на правата, можностите и животните шан-си не се ограничени или не зависат од тоа дали се родени како жена или маж. Имено, еднаквоста доведува до рамноправност. Треба да се истакне дека родовата еднаквост подразбира заложба за рамноправно општество, каде полот и родот нема да можат да го условуваат правото на човекот. Само стабилно општество е добро општество кое создава креативна почва за сите и кое ово-зможува прогрес, просперитет и иднина за сите свои припа-дници.
Bo трудот ќе бидат прикажани достигнувањата во законо-давството, судската пракса и измените во правната регулатива, кои со тек на време придонеле кон зајакнување на начелото на рамноправноста меѓу мажите и жените и нивната имплемен-тација во земјите од Европската унија. Во светски рамки, фак-тите по ова прашање говорат нешто сосема поразлично, каде постои стереотипизирање на културните, верските и традицио-налните вредности. Па оттука и прашањето дали родовата рам-ноправност се перцепира како клише или стереотипна фраза или навистина е демократско право?
Клучни зборови: Родова рамноправност; Еднаквост; Меѓуна-
родна правна рамка.

Item Type: Conference or Workshop Item (Paper)
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Military Academy
Depositing User: Zoran Jovanovski
Date Deposited: 24 Aug 2023 09:56
Last Modified: 25 Aug 2023 10:12
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/32078

Available Versions of this Item

Actions (login required)

View Item View Item