Употреба на биодентин во терапија на длабок кариес-приказ на случаи

Longurova, Natasa (2023) Употреба на биодентин во терапија на длабок кариес-приказ на случаи. In: 26th BaSS Congress, 11-14 May 2023, Skopje, North Macedonia.

[thumbnail of Bass 2023- Usna prezentacija.pdf] Text
Bass 2023- Usna prezentacija.pdf

Download (5MB)
[thumbnail of Prpgrama za Usna prezentacija.pdf] Text
Prpgrama za Usna prezentacija.pdf

Download (199kB)

Abstract

Директното прекривање на пулпата како метод за лекување кај caries profunda comlicata е метод кој има за цел зачувување на виталноста на пулпата. Биодентинот нуди предности како што се лесен за манипулација, пократко време на стврднување и во правилно избрани случаеви може да придонесе за долгорочно одржување на виталноста на забите. Има позитивен ефект врз виталните клетки на пулпата и делува на клеточните механизми кои предизвикуваат селекција, регрутирање и диференцијација на матични клетки и го стимулира формирањето на терциерен дентин.
Цел: Да се процени исходот од терапијата на витална пулпа со употреба на Biodentine во случаи на длабока кариозна лезија во протокол за третман со една посета.
Материјал и метод: 3 пациенти со длабок кариес на возраст од 20,36 и 41 години, без историја на спонтана болка , со ртг снимка за уредно перирадикиларно ткиво. Директно прекривање на пулпата беше направено со Biodentine и беше поставена композитна реставрација за да се заменат слоевите на дентинот и емајлот.
Резултати: На последователна посета од 3 и 6 месеци забите беа со уреден клинички наод и беа позитивни на чувствителност ( витални) и негативен на перкусија. Радиографиите го покажаа апикалниот регион без никаков патолошки наод.
Заклучок: Пристапот на затворањето на пулпата при еднократна посета го поедноставува и ја подобрува клиничка употреба на Biodentine.
Клучни зборови:Биодентин, директно прекривање на пулпа

Item Type: Conference or Workshop Item (Speech)
Subjects: Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Natasa Longurova
Date Deposited: 11 Aug 2023 11:06
Last Modified: 11 Aug 2023 11:06
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/32032

Actions (login required)

View Item View Item