52 Преваленца и социодемографски карактеристики на болни со шизофренија во јзу психијатриска болница ,,скопје“ скопје

Sabani, Suzana (2023) 52 Преваленца и социодемографски карактеристики на болни со шизофренија во јзу психијатриска болница ,,скопје“ скопје. Other thesis, Goce Delcev University Stip.

[thumbnail of Specijalisticki  trud Suzana Sabani - 2023.pdf] Text
Specijalisticki trud Suzana Sabani - 2023.pdf

Download (1MB)

Abstract

Шизофренијата е хронично психотично ментално растројство, кое претставува
клинички синдром составен од психички симптоми и промени во однесувањето. Во
хетерогената клиничка слика на болеста се среќаваат: перцепции во вид на халуцинаторни
доживувања, суманути мисли и верувања, нарушување на текот на мислите што се
манифестира низ нарушувањата на говорот, редуцирање на емотивните доживувања и
чувството на задоволство, различни когнитивни тешкотии што се поврзани со
меморијата и извршните функции, впечатливото однесување што се заснова врз
психотичното искуство и тешкотии во самоконтролата и секојдневното функционирање.
Наодите од светските истражувања и литература укажуваат на поврзаноста на
социодемографските карактеристики и шизофреното растројство. Истовремено,
наодите од речиси сите епидемиолошки студии што се спроведени кај општа популација
укажуваат на важноста и поврзаноста на полот, возраста и брачниот статус со
шизофренијата. Земајќи ja предвид актуелноста на дадената тематика, основен предмет
на истражување на овој труд е анализа на влијанието на социодемографските
карактеристики врз појавата на шизофренијата кај пациентот. Беа користени податоци
од електронскиот систем за пациенти со шизофренија што се лекувани во ЈЗУ
Психијатриската болница „Скопје“ Скопје, во периодот од јануари 2019 година до
декември 2022 година, што боледуваат од шизофренија според дијагностичките
критериуми на Меѓународната класификација на болестите – МКБ 10.
Во тие рамки, целта на емпириското квантитативно истражување спроведено
подолу се фокусира на пронаоѓање и издвојување на ефективни методи и пристапи за
преваленција на даденото растројство, врз основа на добиените резултати во рамките на
значајноста на социодемографските специфичности на личноста.
Добиените резултати покажуваат дека најголемиот број испитаници во акутната
фаза се на возраст меѓу 29 до 39 години, додека во хроничната група се на возраст над 40
години, каде што најзастепни се мажите со основно и средно образование, во брачна
заедница и самци. Според местото на живеење, најзастапени се жителите на Скопје,
како и невработените лица.
6
Затоа можеме да заклучиме дека со адекватна психијатриска и психолошка помош,
во вид на советување и психотераписка работа, може да им се помогне на заболените
полесно да ја прифатат и да ја надминат болеста.
Клучни зборови: шизофрено растројство, пациенти, преваленција,
социодемографски карактеристики, превенција

Item Type: Thesis (Other)
Subjects: Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 05 Jul 2023 08:02
Last Modified: 05 Jul 2023 08:02
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/32013

Actions (login required)

View Item View Item