Човековиот пад од сакралното до хтонското во најновите раскази од Венко Андоновски

Mladenoski, Ranko (2023) Човековиот пад од сакралното до хтонското во најновите раскази од Венко Андоновски. Palimpsest, VIII (15). pp. 171-180. ISSN 2545-3998

[thumbnail of 15 - Mladenoski trud Pal br 15 DOI CELO.pdf] Text
15 - Mladenoski trud Pal br 15 DOI CELO.pdf

Download (5MB)

Abstract

Трудот претставува анализа и интерпретација на суштинските наративни специфики во најновата (третата) збирка раскази на Венко Андоновски со наслов „Припитомување на кучката“ и со поднаслов „Раскази за лудилото“ објавена во 2018 година од скопскиот издавачки центар „Три“. Во анализите и толкувањето на расказите го следиме моралниот пад на модерниот човек, но и на човекот воопшто, што е доминантна тема во оваа збирка. Овој морален пад на човекот е демонстриран последователно во трите раскажувачки циклуси („Фрески“, „Иконки“, „Карикатури и гротески“) при што се поаѓа од сакралното (во првите два циклуси во збирката) па преку профаното се стигнува до хтонското (во третиот циклус од раскази). Во заклучокот од трудот се нагласува дека основната идејна нишка во збирката раскази „Припитомување на кучката“ од Венко Андоновски – а тоа е наративно претставување на сите форми на лудило чии негативни рефлексии резултираат со морален пад и дехуманизирање на човекот – се демонстрира мошне умешно и преку формата и преку содржината на расказите.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Ranko Mladenoski
Date Deposited: 04 Jul 2023 11:09
Last Modified: 04 Jul 2023 11:09
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/32002

Actions (login required)

View Item View Item