Компјутерски апликации - практикум

Karamazova Gelova, Elena and Kocaleva, Mirjana and Zlatev, Zoran (2023) Компјутерски апликации - практикум. ISBN 978-608-244-963-0.

Full text not available from this repository.

Abstract

Практикумот по Компјутерски апликации е наменет за користење како учебно помагало за совладување на
материјалот од вежбите по истоимениот предмет. Практикумот, првенствено е наменет за студентите на
Факултет за информатика на насоката Математика – наставна. Практикумот, освен по предметот
Компјутерски апликации, може да се користи и по предметот Информатика, предмет што се изучува на
повеќе факултети при Универзитет Гоце Делчев Штип. Практикумот се состои од десет глави.
Првата глава се однесува на составните делови на компјутерот. На крајот од главата дадени се прашања
за проверување на стекнатото знаење од материјалот. Во втората глава се дефинирани мерните единици
кои се користат во компјутерската техника, а наведени се и прашања. Третата глава дава приказ на
историјата на компјутерската техника и сегашната состојба на неа. Тука се поместени и прашања за
проверка на разбирањето на материјалот. Во четвртата глава се дефинирани поимите: интернет,
компјутерска мрежа, веб-страна, веб-локација, веб-прелистувачи, веб-пребарувачи и се објаснети
основните протоколи на интернет. На крајот од главата се дадени прашања. Во петтата глава се дефинира
што е електронска пошта и како се користи Microsoft Outlook. Покрај тоа, дадени се прашања и вежби
поврзани со материјалот од оваа глава. Шестата глава се однесува на оперативниот систем Windows,
неговите функционалности и историја. Главата седум ни го објаснува работењето со Windows OS. На крај
од главата 6 и главата 7 дадени се прашања за проверка. Осмата глава содржи приказ на интернет
страници со математички содржини и прашања поврзани со нив. Во деветтата глава дадени се вежби кои
треба да се изработат во програмите: Word, Excel и PowerPoint како и прашања околу работењето во
наведените програми од Microsoft Office. Последната глава содржи вежби и прашања поврзани со
програмите за цртање - Paint и Corel Draw.

Item Type: Teaching Resource
Subjects: Natural sciences > Computer and information sciences
Natural sciences > Matematics
Divisions: Faculty of Computer Science
Depositing User: Elena Karamazova Gelova
Date Deposited: 04 Jul 2023 10:14
Last Modified: 04 Jul 2023 10:14
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/31992

Actions (login required)

View Item View Item