Потврда заобука во траење од 5 часа - Здружение на воспитувачи на Р.С Македонија

Gacov, Sanja (2023) Потврда заобука во траење од 5 часа - Здружение на воспитувачи на Р.С Македонија. Здружение на воспитувачи на Република Северна Македонија.

[thumbnail of Потврда за обука во траење од 5 часа - Здружение на воспитувачи на Македонија] Image (Потврда за обука во траење од 5 часа - Здружение на воспитувачи на Македонија)
338275529_768808484758456_998500256559725776_n.jpg - Published Version

Download (666kB)

Abstract

Блумова таксономија и нејзина примена во воспитно – образовниот процес
Апстракт:
Терминот методика по своето значење и разновиден и повеќезначаен, и тоа многу повеќе во литературата отколку во праксата. Зборот методика е изведен од грчкиот збор methodos (метод), со што се означува патот и начинот на истражување, или според латинскиот methodus (метод), со што се означува смислено и планско постапување при работа заради постигнување на некој успех, вистина, сознание, одреден пат и начин на истражување, мислење и работа. Во минатото се мислело дека некој е добар методичар ако за тоа има талент. Секако дека, во практиката има луѓе кои немаат методичко образование, кои никогаш не ја проучувале методиката, но се одлични предавачи, како што има и спротивни примери.
Што размислуваат учениците додека наставниците поучуваат? Кои мисловни процеси ги поттикнуваат наставниците кај учениците? Зошто го форсираат фактографското знаење (ја пренагласуваат потребата од меморирање во процесот на учењето) и ја занемаруваат потребата од активирање на вишите когнитивни процеси? Како може да се подобрува учењето, поучувањето и оценувањето во наставниот процес?
Ова се дел од прашањата на кои професорот Бенџамин Блум почнувајќи од 1948 година барал одговор. Во 1956 тој успеал да направи таксономија (класификација според хиерархиска поставеност) на наставните цели во три „домени“ (подрачја) когнитивни, афективни и психомоторни. Целта на таксономијата е да се мотивираат наставниците во текот на наставниот процес да пристапат холистички, односно да се фокусираат на сите три домени. Во секој домен категориите можат да се претстават како скалила по кои учениците треба да се искачуваат од поедноставно кон посложено водени од своите наставници. Когнитивниот домен вклучува знаење и развој на интелектуалните способности и вештини – од помнење до критичко и креативно мислење.

Item Type: Other
Subjects: Social Sciences > Educational sciences
Divisions: Faculty of Educational Science
Depositing User: Sanja Gacov
Date Deposited: 04 Jul 2023 10:14
Last Modified: 04 Jul 2023 10:14
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/31991

Actions (login required)

View Item View Item