Ivanova, Verica (2023) Показателите од финансиските извештаи и нивното толкување – прв чекор за финансиска одлука, релација на профитабилноста и задолженоста. Masters thesis, Goce Delcev University Stip.
Text
Лекториран магистерски труд - Верица Иванова пдф.pdf Download (2MB) |
Abstract
Финансиските извештаи се еден од основните извори на податоци за
оцена на финансиската состојба и работењето на компанијата во одреден
временски период. Употребата на сметководствени податоци при донесување на
деловни и инвестициски одлуки се врши во процесот на анализирање на
финансиските извештаи. Овој процес е создаден за да може да им помогне на
инвеститорите, деловните луѓе и кредиторите да успеат да ги анализираат
подготвените финансиски извештаи, да умеат да ги читаат истите, но и да ги
интерпретираат. Основно средство за анализата на финансиските извештаи
претставува финансиската рацио-анализа. Целта на овој магистерски труд е да
се објасни примената на финансиските показатели при анализата на работењето
на компаниите, а особено да се даде придонес во разбирањето на примената на
финансиските показатели за ликвидноста. Од тој аспект илустрирана е
пресметката, а воедно направена е и детална анализа на показателите за
состојбата со ликвидноста на еден зададен репрезентативен примерок на фирми
од нашата економија. Анализата на работењето на компаниите е направена со
користење податоци од разни изворни документи, точна литература, како и
користење на еден репрезентативен примерок од практиката. Заради тој
репрезентативен примерок детално се анализирани разни компании од различни
стопански дејности, но и со различна големина, а како такви извори на
информации со примена на финансиските показатели всушност се земени сите
објавени финансиски извештаи на избрани фирми од македонско потекло.
Клучни зборови: финансиски извештаи, показатели, финансиска анализа,
стабилност, профитабилност и ликвидност
Item Type: | Thesis (Masters) |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Katerina Hadzi-Vasileva |
Date Deposited: | 04 Jul 2023 08:11 |
Last Modified: | 04 Jul 2023 08:11 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/31971 |
Actions (login required)
View Item |