Имунологија скрипта

Duvlis, Sotirija (2022) Имунологија скрипта. ISBN 978-608-244-950-0.

Full text not available from this repository.

Abstract

Имунологијата како медицинска дисциплина обезбедува подетално проучување на
специфичните аспекти на механизмите за заштита на организмот. Таа ги изучува имунолошките
механизми кои штитат од туѓи агенси, контролата на овие имунолошки механизми како и
болестите кои можат да се појават кога таа контрола е загрозена. Дисциплинава има и
апликативна важност, особено во примена на истражувањата во трансплантацијата на органи,
понатаму примена на новите сознанија во креирање на имунотерапија за лекување на болести
на имунолошкиот систем и ракот и импликациите за развојот на вакцините и заштита на
глобалното здравје.
Скриптата „Имунологија“ е помошна литература која ги содржи основните тематски
поглавја од имунологијата и ќе служи како дополнителен прирачник за студентите на
медицинските науки кои го слушаат предметот.
Текстот е претставен во согласност со наставниот план и програма по предметот
Имунологија и е подготвен да им олесни на студентите во совладувањето на предвидениот
материјал. Преку скриптава, студентите ќе се запознаат со основните поими во имунологијата
и можностите за интегрирање на овие знаења во идната пракса. Студентите ќе можат да ги
прошират своите знаења за важноста на познавање на основните механизми на имуните
реакции, да прават разлика меѓу вродените и стекнатите имуни механизми, да го осознаат
значењето на имуномодулаторните механизми и нивната улога во заштита од имунопатолошки
состојби како што се појава на пречувствителност или автоимунитет. Секако, познавањата од
генетиката дополнително го олеснуваат совладувањето на овој предмет особено што
најголемиот дел од имунодефицитните состојби се генетски детерминирани. Познавањето на
материјалот ќе им отвори нови видици за идните перспективи за имплементација на овие
сознанија како во науката така и во медицинската пракса.
По завршување на предметот студентите би требало да знаат:
 да ги разберат сите компоненти на имуниот систем
 да ги опишат механизмите со кои различни компоненти на имунолошкиот систем
дејствуваат заедно за да обезбедат заштита од разни инфективни агенси и
неинфективни агенси и малигните болести
 да ги опишат етиологијата, патогенезата и третманот на несаканите имунолошки
реакции кои се јавуваат како резултат на дисрегулација на имунолошкиот систем
 да ги опишат имунолошките предизвици на трансплантацијата на органи
 да го интегрираат знаењето стекнато низ предметот понатаму во пракса и во
разјаснување на различни сценарија.
За комплетирање на сознанијата од оваа дисциплина и за совладување на предметот,
секако неопходно е совладување и на препорачаната литература за овој предмет, како и
поврзување на стекнатите сознанија од имунологијата со сознанијата од другите сродни
медицински дисциплини (генетиката, физиологијата, биохемијата итн.)

Item Type: Teaching Resource
Subjects: Medical and Health Sciences > Basic medicine
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Sotirija Duvlis
Date Deposited: 21 Jun 2023 08:18
Last Modified: 21 Jun 2023 08:18
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/31946

Actions (login required)

View Item View Item