Финансиски извештаи кај буџетски форми на организација

Magdinceva Sopova, Marija and Stojanovska-Stefanova, Aneta (2023) Финансиски извештаи кај буџетски форми на организација. Conference Proceedings of the Challenges of Tourism and Business Logistics in the 21st Century, 6 (1). pp. 88-96. ISSN 978-608-244-891-6

[thumbnail of Финансиски извештаи кај буџетски форми на организација.pdf] Text
Финансиски извештаи кај буџетски форми на организација.pdf

Download (426kB)

Abstract

Буџетските организации или субјекти претставуваат посебна форма на деловни субјекти. Овие субјекти имаат обврска да го спроведуваат процесот на сметководство, да составуваат и поднесуваат сметководствени искази во согласност со законската регулатива за сметководство на Буџет и корисници на средства од буџет. Со Законот за сметководство на буџети и буџетски корисници е уреден начинот на водење на сметководство, деловната евиденција, сметководствените документи и обработката на податоците, признавањето на приходите и расходите, проценувањето на билансните позиции, ревалоризацијата, финансиските извештаи, доставувањето и финансиските извештаи и други прашања во врска со сметководството на Буџетот на Република Македонија, буџетите на единиците на локалната самоуправа, буџетите и фондовите, корисниците и единките корисници на средства од буџетите, како и на другите правни лица за кои средствата за вршење на основната дејност претежно се обезбедуваат од буџетите или накратко кажано буџети и буџетски корисници. Преку процесот на буџетско сметководство и финансиските извештаи кои претставуваат финален резултат од процесот на буџетско сметководство се обезбедуваат квалитетни информации за потребите на буџетските организации и сите субјекти кои за извршување на основната дејност користат средства од Буџетот. Бидејќи овој вид деловни субјекти се карактеризираат со одредени специфичности споредбено со останатите деловни субјекти, предметот на истражување во овој труд се фокусира кон согледување на видот на финансиските извештаи кои ги изготвуваат овие субјекти како и постапката на изготвување, усвојување и доставување до соодветните институции. Во заклучокот од трудот ќе бидат презентирани согледувања и дадени препораки за унапредување на процесите и процедурите за изработка и усвојување на финансиските извештаи кај Буџетот и буџетските корисници.

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Social Sciences > Law
Social Sciences > Other social sciences
Social Sciences > Political Science
Divisions: Faculty of Tourism and Business Logistics
Depositing User: Aneta Stojanovska
Date Deposited: 20 Jun 2023 12:20
Last Modified: 20 Jun 2023 12:20
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/31928

Actions (login required)

View Item View Item