Пародонтални случувања при ортодонтски движења на забите - ревијален приказ

Cana, Amella (2021) Пародонтални случувања при ортодонтски движења на забите - ревијален приказ. Apolonia, 23 (43-44). pp. 1-88. ISSN 1857-6087 (online)

[thumbnail of Apolonia_43-44 (1).pdf] Text
Apolonia_43-44 (1).pdf

Download (5MB)

Abstract

Цел. Да се посочат биолошките случувања во пародонталните ткива како одговор на ортодонтските сили аплицирани при решавање на одредени малоклузии.
Материјал и метод. Спроведено е електронско пребарување на трудови од базата на податоци PubMed со клучни зборови: periodontitis, orthodontics forces, soft tissue changes, bone changes,
објавени на англиски јазик. Предвид беа земени ревијални прегледи, оригинални клинички испитувања и компаративни студии. Индиректно користени се библиографски материјали цитирани во трудовите од авторите: Feller L, Yu Gyung Kim, Angelina Gorbunkova и Nan Jiang.
Резултати. Пародонциумот во целост, а најмногу периодонциумот и алвеоларната коска се ткивата во кои се случуваат мноштво патогенетски механнизми при ортодонтско движење на забите. Тековната литература изобилува со податоци кои укажуваат на промени во меките и тврдите ткивни структури на пародонтот. Опишани се причините и последиците од примена на ортодонтска сила врз гингивата (зголемување, инвагинација и рецесија) како можни состојби. Дискутирани се биолошките промени во периодонциумот и алвеоларната коска, активноста
на остеобластите и остеокластите. Потврдено е дека клучните ефекти во движење на забите се потпираат
на активноста и диференцијацијата на фибробластите, остеобластите и стеокластите кои дефинитивно учествуваат во ремоделирање на коската и корекција на отстапувањето во посакуваната позиција.
Заклучок. Ортодонтски сили својат активност ја реализираат преку бројни посредници кои се ослободуваат од клеточните структури (ензими, MMP-2) и други проинфламаторни или остеогени фактори, кои ги поттикнуваат процесите на ремоделација главно врз периодонталниот лигамент и
алвеоларната коска.
Клучни зборови: periodontitis, orthodontics forces, soft tissue changes, bone changes,

Item Type: Article
Subjects: Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Ivona Kovacevska
Date Deposited: 01 Jun 2023 12:46
Last Modified: 01 Jun 2023 12:46
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/31834

Actions (login required)

View Item View Item