Longurova, Natasa and Kovacevska, Ivona and Terzieva-Petrovska, Olivera (2023) Фокалози-учебник. Goce Delcev University, Stip. ISBN 978-608-244-957-9
Full text not available from this repository.Abstract
Учебникот „Фокалози“ е наменет за студентите по Дентална медицина при Факултетот за медицински науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, со единствена цел полесно да ги совладаат методските единици кои се предвидени според програмата за истоимениот предмет.
Фокусните заболувања може да ги дефинираме и како еден тип на автоимуни процеси, каде што патолошкиот агенс од еден орган (фокално жариште) предизвикува промени на орган кој што е дефиниран како целен, фокален орган и предизвикува нарушување на неговата нормална функција.
Како најчести фокуси во организмот се тонзилите, синусите и најмногу инфективните процеси во оралната празнина, а поретко застапени фокусни жаришта се простатата, апендиксот, жолчното ќесе и бубрезите.
Приодниот концепт од овој учебник е насочен кон осознавање на опасностите од оралните инфекции и нивните потенцијални, катастрофални ефекти врз системското здравје. Фокалните жаришта и промените кои тие ги предизвикуваат во организмот се од голем интерес за стоматолозите уште многу одамна, меѓутоа истиот се повеќе и повеќе се зголемува посочувајќи на значајноста на здравата орална празнина и здравите заби во однос на општото здравје на човечкиот организам. Со цел информациите да бидат прикажани во лесно достапна форма, базичниот текст е дополнет со слики, шеми и табели.
Item Type: | Book |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Other medical sciences |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Natasa Longurova |
Date Deposited: | 09 May 2023 09:38 |
Last Modified: | 09 May 2023 09:38 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/31713 |
Actions (login required)
View Item |