Местото и улогата на вештината пишување во наставата по германски јазик

Tasevska, Marica and Sarafova, Natasa (2022) Местото и улогата на вештината пишување во наставата по германски јазик. Knowledge – International Journal, 55.2. pp. 339-343. ISSN 2545-4439

[thumbnail of THE+PLACE+AND+ROLE+OF+WRITING+SKILLS+IN+GERMAN+LANGUAGE+TEACHING.pdf] Text
THE+PLACE+AND+ROLE+OF+WRITING+SKILLS+IN+GERMAN+LANGUAGE+TEACHING.pdf

Download (870kB)

Abstract

Пишувањето е една од основните културни техники и припаѓа на основните вештини, преку која јазикот се отсликува во графички знаци. Пишувањето најчесто ни служи за споделување факти, мисли или чувства во пишана форма. Според Хејд пишувањето во наставата по странски јазик претставува можност за контакт со нова, непозната структура (1997:181). Каква е нејзината функција во наставата по германски
јазик зависи од тоа дали истата претставува наставна или посредна цел. Пишувањето како посредна цел ни служи за утврдување на знаењата на учениците, препишувања или прераскажувања на тесктови во пишана форма, запишување на новите граматички структури или новата лексика во тетратка и сл.. Од друга страна пак, доколку пишувањето го користиме со цел да споделиме некоја суштинска информација со запазување
на сите јазични норми зборуваме за пишувањето како наставна цел. Вештината пишување покрај вештините читање, слушање и зборување претставува една од четирите клучни вештини чие усвојување го олеснува усвојувањето на странскиот јазик и придонесува за стекнување на комуникативни комептенции. Колкава е застапеноста на вештината пишување во наставата по германски јазик и кои техники, стратегии и методи се
користат за нејзино успешно усвојување е предмет на истражување на овој труд. Преку претходно изготвена
анкета за вкупно 26 наставници по германски јазик ќе се обидеме да ја отсликаме состојбата и третирањето
на вештината пишување во наставниот процес, како и застапеноста или незастапеноста на различните
техники и методи кои придонесуваат успешно стекнување на јазични компетенции во пишана форма, со
надеж дека добиените резултати ќе дадат свој придонес кон усовршување на оваа вештина, со цел полесно и
долгорочно усвојување на пишувањето како продуктивна вештина присутна во нашето секојдневие.
Клучни зборови: вештини, интеракција, пишување, настава

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Marica Tasevska
Date Deposited: 04 May 2023 08:59
Last Modified: 04 May 2023 08:59
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/31697

Actions (login required)

View Item View Item