Jakjimoska, Verica (2023) Влијанието на вирусната инфекција со SARS COV-2 врз серумското ниво на имуноглобулин е кај пациенти со алергиски заболувања. Doctoral thesis, Универзитет Гоце Делчев – Штип.
Text
Докторат Верица Јаќимоска - ВЛИЈАНИЕТО НА ВИРУСНАТА ИНФЕКЦИЈА СО SARS COV-2 ВРЗ СЕРУМСКОТО НИВО НА ИМУНОГЛОБУЛИН Е КАЈ ПАЦИЕНТИ СО АЛЕРГИСК.pdf Download (1MB) |
Abstract
Светската здравствена организација (СЗО) на 11 март 2020 официјално прогласи глобална пандемија на новиот корона вирус наречен SARS CoV-2. Вирусот е причинител на акутно вирусно респираторно заболување. Симптомите кои ги предизвикува се различни, од обична настинка и главоболка, до масивна пневмонија и смрт. Во текот на справувањето со ширењето на истиот беа спроведени мерки за заштита на населението од ширење на вирусот, а една од тие мерки беше дефинирање на хронични заболувања кои се ризик за пациентите доколку се заразат со SARS CoV-2, како што е астмата и други хронични опструктивни заболувања како и некои автоимуни болести. Работејќи во најголемиот ковид-центар во Македонија за време на ковид-пандемијата издвоив голем број на пациенти, вкупно 195, со алергиски заболувања кои очекувано се сметаа за пациенти со поголем ризик и коморбидитети. Но праксата покажа дека овие пациенти се на некој начин повеќе заштитени од другите пациенти. Поради немањето на претходни сознанија за ова ново заболување, го изработив ова истражување кое покажа дека пациентите со алергиски заболувања кога се инфицирани со вирусот SARS CoV-2 имаат покачени концентрации на имуноглобулин Е антитела што е типично за алергиските реакции. Покачувањето на серумското ниво на тотален ИгЕ е особено кај пациенти во реконвалесцентна фаза, кога веќе не се заразни и се во фаза на опоравување. Што доведува до заклучок дека овие пациенти кои имаат покачени ИгЕ антитела, имаат подобро спремен имун одговор кон вирусот SARS CoV-2 бидејќи има поголема количина на имуноглобулин Е антитела кои учествуваат во секундарната имунолошка одбрана на пациентот. Освен ИгЕ како примарни фактои на инфламација кои влијаат на текот на болеста се покажаа и IL-6, PCT, FER и CRP. Резултатите се завидни и бидејќи истражувањето покажа дека и покрај тоа што некои од пациентите имаа тешка клиничка слика, немаше ниту еден смртен случај. Се покажа дека видот на алерген определен преку специфичното ИгЕ антитело кон тој алерген нема никакво влијание, што значи дека тоталното ИгЕ е еден добар показател за состојбата на пациентот и предиктор за исходот од болеста.
Item Type: | Thesis (Doctoral) |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Basic medicine Medical and Health Sciences > Clinical medicine Medical and Health Sciences > Health sciences |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Biljana Gorgeska |
Date Deposited: | 28 Apr 2023 07:15 |
Last Modified: | 28 Apr 2023 07:15 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/31681 |
Actions (login required)
View Item |