Руска религиска философоја: Историја, том 2

Stojanov, Trajce (2019) Руска религиска философоја: Историја, том 2. Аз-Буки, Скопје.

[thumbnail of Korica_Trajche_Stojanov_tom_2.pdf] Text
Korica_Trajche_Stojanov_tom_2.pdf

Download (10MB)

Abstract

Вториот том, со поднаслов Историја, всушност, претставува
кратка историја на руската религиска философија, од нејзините
почетоци до крајот на XX-от век. За таа цел, на почетокот на
иследувањето понудена е една оригинална периодизација на
руската религиска философија, според која ќе следува ната-
мошното излагање
на историјата на истата. Таа систематизација,
впрочем како и секоја, треба да се сфати условно и само во
функција на поголема прегледност во историското претставу-
вање на развојот на руската мисла. Некој можеби нема да се
согласи со истата и ќе понуди посоодветна и далеку пофункцио-
нална. Но, тоа секогаш
е прашање на методологија. Стеснувајќи
го изборот исклучително
на оние автори кои можат да се стават
во фахот на религиски мислители, на македонската научна јав-
ност ѝ се презентира во синтетизирана и кондензирана форма,
според мене, автентичната руска философија. Овој дел содржи
и еден преглед на најзначајните книги напишани за руската
философија; тоа претставува своевиден историографски преглед
на историите на руската философија, што ќе придонесе
за олеснување на идните истражувања во оваа област. Но овој
историографски увид во најрелевантните студии за историјата
на руската философија и третманот на истата во книгите на
обработените автори, ќе овозможи да се увиди односот на некои од најзначајните руски автори кон сопствената философија, но
и на не-руските кон оваа „незападна“ философија. Со тоа ќе
се утврдат и некои од особеностите на истата, што ќе помогне
да се детектираат и основните
проблеми со кои ќе се занимава
третиот том.

Item Type: Book
Subjects: Humanities > Philosophy, ethics and religion
Divisions: Faculty of Educational Science
Depositing User: Trajce Stojanov
Date Deposited: 03 Apr 2023 11:03
Last Modified: 03 Apr 2023 11:03
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/31592

Actions (login required)

View Item View Item