Современи концепти за средното образование - новата улога на наставникот и новите стратегии на поучување и учење

Stojanov, Trajce (2021) Современи концепти за средното образование - новата улога на наставникот и новите стратегии на поучување и учење. . (Submitted)

[thumbnail of ПРОГРАМА.pdf] Text
ПРОГРАМА.pdf

Download (385kB)

Abstract

Светот во кој денес живееме е сложен и комплексен, а квалитетното образование е клучот за да се одговори на предизвиците на новото време. Современите тенденции на средното образование во европските и другите светски успешни образовни системи укажуваат на потребата за зголемуање на практичниоста на наставата по сите предмети, преку зголемена нагледност, а со примена на дигитализација во наставата, практикување на кабинетско-лабораториска настава, како и со споделување на примери од реалниот живот и практичната работа во деловниот сектор. Овие тенденции се однесуваат не само за стручното, туку и за гимназиското образование, затоа што на тој начин се овозможува завршените ученици од средното образование да не бидат подготвени само за продолжување во високото образование, туку и за полесно вклучување во пазарот на трудот, преку вработување и самовработување. Ова, може да се постигне со зголемена активност на учениците, не само во училиштето, туку и вон училиштето преку наставата на далечина (Distant Learning), a за тоа се поттикнуваат учениците за самостојно учење, што денес е овозможено со користење на современата технологија и многубројните алатки. За таа цел, акцентот се става на стручната оспособеност на наставниците (подобрување на компетенциите) во насока на примена на овие современи тенденции. Тоа значи дека се потребни нови пристапи во средното образование, нови концепции и модели кои се базираат на интерактивната настава.

Item Type: Teaching Resource
Subjects: Social Sciences > Educational sciences
Humanities > Philosophy, ethics and religion
Divisions: Faculty of Educational Science
Depositing User: Trajce Stojanov
Date Deposited: 03 Apr 2023 09:57
Last Modified: 02 May 2023 11:02
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/31589

Actions (login required)

View Item View Item