Shuajibi, Elmedina (2023) Анализа на формите на финансирање на корпоративниот сектор и нивното влијание врз економскиот развој, со посебен осврт на Република Северна Македонија. Doctoral thesis, Универзитет Гоце Делчев, Штип, Северна Македонија.
Text
Докторски труд-Елмедина Шуајиби.pdf Download (1MB) |
Abstract
Финансирањето се однесува на методите и видовите финансирање што ги користи компанијата за одржување и развој на работењето. Тоа може да се состои од долг и сопствен (акционерски капитал), кои се користат за извршување на капитални инвестиции, преземања и генерално, за поддршка на бизнисот.
Одлуката за комбинирање на финансирањето со долг и сопствен капитал е она што на крајот ја одредува структурата на капиталот на компанијата. За оптимална структура на капиталот за еден бизнис обично се смета онаа што резултира со најниска пондерирана просечна цена на капиталот, иако во практиката менаџерите на компаниите имаат различни преференции, во зависност од подготвеноста за преземање ризик.
Финансиските средства за работењето може да се обезбедат од различи извори, како што се: сопствени заштеди, позајмици од роднини и пријатели, приватни инвеститори, банки, инвестициони фондови, владини институции, други компании и сл. Притоа, во основа има два начина на финансирање и тоа преку сопственички вложувања (equity capital) или преку кредитирање (debt capital). При финансирањето на сопствениот бизнис претприемачите настојуваат да обезбедат средства по најповолни услови и притоа да не ја изгубат сопственичката контрола врз бизнисот.
Клучни зборови: финансирање, извори, форми, развој
Item Type: | Thesis (Doctoral) |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Olivera Trajkovska |
Date Deposited: | 28 Mar 2023 08:28 |
Last Modified: | 28 Mar 2023 08:28 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/31568 |
Actions (login required)
View Item |