Значењето на перинаталниот скрининг на серумските биомаркери од quadriple test-от и фето-плацентарната единица во предвидување на перинаталниот ризик и исходот од бременоста

Izairi, Pranvera and Velickova, Nevenka (2021) Значењето на перинаталниот скрининг на серумските биомаркери од quadriple test-от и фето-плацентарната единица во предвидување на перинаталниот ризик и исходот од бременоста. Doctoral thesis, University "Goce Delcev" - Stip.

[thumbnail of Докторска дисертација-Пранвера Изаири-финална верзија.pdf] Text
Докторска дисертација-Пранвера Изаири-финална верзија.pdf

Download (3MB)

Abstract

Плацентата и фетоплацентарната циркулација имаат круцијална улога во перинаталниот развиток на плодот и исходот од бременоста. Феталната компромитација и промените во утероплацентарниот крвен проток резултираат со утероплацентарна инсуфициенција, односно неповолен исход на бременоста која се манифестира со хипертензија индуцирана со бременост, прееклампсија, интраутерин застој во растот на плодот (IUGR) и /или плод, мал за гестациската старост. Сите овие промени може да доведуваат до предвремено породување. Цел на оваа студија или истражување е да се направи пренатален скрининг и корелација на серумските биомаркери од Quadriple test–от и фето-плацентарната единица во вториот триместар од бременоста, како можни предиктори за рано дијагностицирање на евентуален неповолен перинатален исход или ризична бременост. Материјал и метод: Студијата e реализирана во Специјална болница за гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ - Скопје, во период од ноември 2019 до јуни 2021 г. Истата има кохортен проспективен карактер и во неа се вклучени 673 бремени жени, помеѓу 18 и 23.6 гестациска недела, следени и мониторирано до породување. Следени се вредностите на серумските биомаркери од Quadriple test-от, феталната биометрија, количество на околуплодова вода, зрелост и волумен на постелка, како и PI и RI aa. uterinae и a. umbilicalis, како и мокрачна киселина, креатинин и уреа во мајчиниот серум, гестациската недела и телесните мерки на плодот при породување. Статистичка обработкa: Спроведена е компаративна анализа на мајчините карактеристики кај испитуваната и контролната група, варијаблите кои сигнификантно асоцираат со неповолен исход на бременоста, валидноста на дијагностичките тестови за
неповолен исход на бременоста и на крај се следеа перформансите на тестовите. Резултати: Од сите 673 испитанички, 523 односно 77.7% имаа поволен исход на бременоста и ја сочинуваа контролната група (КГ), додека кај 150 односно 22.3% бремени жени, исходот на бременоста беше неповолен и тие ја сочинуваа испитуваната група (ИГ). Од ИГ, 48 (7.13%) имаа прееклампсија (PE), 32 (4.75%) имаа PIH (хипертензија индуцирана со бременост), 20 (2.97%) имаа SGA (плод мал за гестациската возраст), и 50 (7.43%) имаа IUGR (интраутерин застој во раст на плодот). Дискусија: Почестиот наод на зголемени вредности на Inhibin A кај бремените жени со неповолен исход наспроти оние со поволен исход на бременоста и статистички се потврди како сигнификантен, додека вредностите на HCG беа сигнификантно повисоки во групата со прееклампсија. Потоа, бремените жени со прееклампсија значајно почесто од бремените жени од контролата имаа зголемени серумски вредности на AFP и не беше најдена статистичка сигнификантна разлика во медијалните вредности на unconjugated Estriol во 4-те испитувани групи споредено со КГ. Во нашата студија се потврди хипотезата дека волуменот на постелката при скрининг во вториот триместар е значаен за исходот на бременоста, како и протоците низ утерините и умбиликалната артерија. Заклучок: Вредноста на Inhibin A како поединечeн маркер зa неповолен исход на бременоста се покажа како најдобар предиктор, додека комбинацијата на биомаркерите од Quadriple test-от и протоците низ утерините артерии во вториот триместар од бременоста, како комбиниран модел претставува тест со најдобра диференцирачка способност на бремени жени со неповолен и поволен исход на бременоста.

Item Type: Thesis (Doctoral)
Subjects: Medical and Health Sciences > Basic medicine
Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Nevenka Velickova
Date Deposited: 31 Mar 2023 08:40
Last Modified: 31 Mar 2023 08:40
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/31547

Actions (login required)

View Item View Item