Квалитетот на животот наспроти должноста за зачувување на човековиот живот

Milev, Ilija (2020) Квалитетот на животот наспроти должноста за зачувување на човековиот живот. Medicus, информативен гласник на јавното здравство - Штип (30). pp. 10-13. ISSN 1857-5994

[thumbnail of Scan 07 Mar 23 · 04·45·53.pdf] Text
Scan 07 Mar 23 · 04·45·53.pdf

Download (5MB)

Abstract

Зачувувањето на човековиот живот од неговиот зачеток до неговото згаснување е еден од постулатите на лекарската пракса, уште од времето на Хипократ. Сите медицински лица чувствуваат потреба да дадат сé од себе за да го зачуваат и колку што е можно, да го продолжат човековиот живот. Kај многу од нас среќавајќи се со тежината на страдањата и безнадежноста на состојбите поврзани со некои заболувања, се јавува желбата за постоењето на можноста за еутаназијата. Еутаназијата во повеќето држави како и во нашата не е дозволена, што јасно го одредува однесувањето на медицинските лица кон болните со терминално заболување, во насока на зачувување на човековиот живот по секоја цена. Она што во таа борба не е доволно разјаснето, барем во областа во која јас работам – хирургијата, е што е она што е најдобро за еден ваков пациент и каков треба да биде пристапот на лекарот во дадената ситуација. Многу често се преземаат интервенции кај вакви пациенти со намера и под изговор кон околината, но и кон самите нас дека задачата треба да биде да ги олесниме тегобите и да го продолжиме животот, а успехот се проценува со тоа дали пациентот ќе ја напушти болницата или ќе го заврши својот живот неопоравувајќи се од интервенцијата. Но, што навистина се случува во главата на пациентот кој задоволниот доктор го испишува после опоравувањето од интервенцијата, полн со себе дека ги исполнил своите должности? Дали тој пациент навистина го чувствува продолжувањето на животот како благослов или како проклетство? Што е со физичката состојба на пациентот и способноста за извршување на секојдневните активности и потреби? Дали ќе може достоинствено да ги помине последните моменти опкружен со најблиските или ќе биде само неподнослив товар од кој потајно ќе гледаат сите да избегаат? На крајот дали докторот кој го продолжил животот навистина треба да го смета тоа за успех и дали постои некое мерило кое може да ни помогне навистина да го сториме она што е најдобро за пациентот во ваквите моменти?

Item Type: Article
Subjects: Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Ilija Milev
Date Deposited: 13 Mar 2023 06:01
Last Modified: 13 Mar 2023 06:01
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/31511

Actions (login required)

View Item View Item