Cockova Morarcalieva, Anita and Velickova, Nevenka (2023) Ефикасноста на трихлороцетната киселина во третман на инфекции со HPV (Human papillomavirus) на грло на матка. Doctoral thesis, University "Goce Delcev" - Stip.
Text
Докторска дисератција-Анита Чочкова Морарцалиева-лекториран.docx.pdf Download (3MB) |
Abstract
Целта на студијата е да се потврди ефикасноста на трихлороцетната киселина (TCA) како потенцијален третман за субклиничките форми на HPV (Human papillomavirus) инфекцијата на грло на матка. Материјал и методи: Студијата има ретроспективен карактер и во неа се обработени веќе постоечки резултати од 332 испитаници или пациентки со субклиничка инфекција на грлото на матката со HPV, кои беа поделени во 3 групи во зависност од начинот на третирање и обсервирање. Во првата испитувана група се вклучени 172 пациентки третирани со ТСА, во втората испитувана група се вклучени 46 пациентки третирани со инозин и контролна група (КГ) составена од 114 пациентки без терапија. Сите пациентки од контролната и од испитуваните групи се однапред третирани и селектирани во Амбулантата за гинекологија и акушерство во Приватна општа болница “Ремедика” во Скопје. Резултати: Во групата од 172 пациентки третирани со TCA, детектирани се 32 типови на HPV, од кои 14 високоризични, 12 нискоризични и 6 веројатно високоризични типови. Од вкупно 201 високоризични хуман папилома вируси, најголем дел се детектирани кај жени (вкупно 52 или 25.87%) на возраст од 26 до 30 години. Статистичката анализа не потврди сигнификантна разлика во зачестеноста на високоризичните HPV меѓу петте возрасни групи (p=0.17). Во групата од 102 пациентки третирани со TCA кај кои е направен контролен PCR (Polymerase Chain Reaction), тест, позитивен исход од третманот се потврди кај 83 (81.37%) пациентки, додека негативен исход кај 19 (18.63%). Возраста на пациентките нема сигнификантно влијание на исходот од TCA третманот (p=0.8). Резултатите од статистичката анализа потврдуваат дека исходот од третманот не е сигнификантно асоциран со ниту еден тип на HPV (p>0.05), со исклучок на тип 16 за кој беше потврдена гранична сигнификантност (p=0.05). Испитуваната поврзаност помеѓу возраста на пациентките третирани со инозин и степенот на канцерогеност на детектираните вируси беше негативна, што покажува дека повозрасните пациентки се инфицирани со вируси со пониска канцерогеност (R=-0.21). Стапката на ефикасност на третманот со инозин е 68.42% и е сигнификантно повисока од стапката на излекувани во КГ, која изнесува 36.45%, p=0.0091. Стапката на ефикасност на третманот со ТCA е 81.37% и е сигнификантно повисока од стапката на излекувани пациенти во КГ, која изнесува 36.45%, (p<0.0001). Заклучок: Преваленцата на HPV инфекциите, посебно кај помладата популација помеѓу 21 и 30 години е висока. Најзастапени се следниве типови на HPV: 31, 16, 18 и 52. Tопичната апликација на 85% ТСА даде статистички сигнификантни резултати во однос на ефикасноста во третманот на субклиничките форми на HPV инфекцијата, споредено со пациентките следени со експектативен манаџмент. Ефикасноста на ТСА во третман на субклиничките HPV инфекции на грло на матка се потврди кај сите возрасни групи и за сите типови на HPV.
Item Type: | Thesis (Doctoral) |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Basic medicine Medical and Health Sciences > Clinical medicine |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Nevenka Velickova |
Date Deposited: | 07 Mar 2023 13:19 |
Last Modified: | 07 Mar 2023 13:19 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/31506 |
Actions (login required)
View Item |