Karovska Andonovska, Biljana (2017) Под окото на јавноста: Правото на приватност на јавните личности во Македонија. Институт за комуникациски студии, Висока школа за новинарство и односи со јавноста, Stip.
Text
Под окото на јавноста.pdf Download (1MB) |
Abstract
Публикацијата ,,Под окото на јавноста: Правото на приватност на јавните личности во Македонија“ е резултат на истражувањето спроведено во рамки на проектот „Зголемување на моќта на граѓанското општество во Македонија за изразување на јавниот интерес (транспарентност и отчетност на институциите)“ реализиран во 2016/2017 година од страна на Институтот за комуникациски студии, Висока школа за новинарство и односи со јавноста. Предмет на ова истражување се основните критериуми и станадарди за условите и начинот на кој медиумите треба да oбјавуваат информации кои се од јавен интерес, а кои можат да навлезат во приватната сфера на една индивидуа. Во фокусот на истражувањето е улогата на медиумите во постигнување на неопходната рамнотежа во ползување на правото на приватност и правото на информирање. Целта на истражувањето е да се утврди дали релевантните европски стандарди се вградени во националната легислатива и дали истите се почитуваат од страна на медиумите во Македонија. Посебен осврт е направен во однос на примената на нормативите и стандардите при медиумското објавување, во текот на 2015 година, на аудио снимки од нелегално следените телефонски комуникации. Крајната цел на истражувањето е да се идентификуваат специфичните тенденции и да се добијат релевантни информации за креаторите на јавните политики во сферата на заштита на приватноста во Македонија.
Item Type: | Other |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Law |
Divisions: | Military Academy |
Depositing User: | Biljana Karovska Andonovska |
Date Deposited: | 06 Mar 2023 12:20 |
Last Modified: | 06 Mar 2023 12:20 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/31491 |
Actions (login required)
View Item |