Пробна експлоатација при геолошко истражување на наоѓалишта на архитектинско градежен камен

Spasovski, Orce (2019) Пробна експлоатација при геолошко истражување на наоѓалишта на архитектинско градежен камен. In: Podeks-Poveks'19, Nov 2019, Strumica, Macedonia.

[thumbnail of 24. Orce Spasovski (1).pdf] Text
24. Orce Spasovski (1).pdf

Download (1MB)

Abstract

Пробното откопување на блокови од архитектонско - градежен камен опфаќаат голем број активности, од избор на микролокацијата, отстранување на непродуктивните и
оштетени делови од продуктивна карпеста маса близу до површинскиот дел на наоѓалиштето, отворање на хоризонт на пробно истражување, до вадење на примарни
камени блокови, нивно обликување, мерење, обележување и складирање.
Пробното откопување на камени блокови се врши при претходното и деталното геолошко истражување на наоѓалиштата на архитектонско - градежен камен.
Меѓу позначајните фактори кои влијаат на изборот на микролокацијата, волуменот и начинот на пробните истражувачки работи, ги нагласуваме геолошката структура на
наоѓалиштето, хомогеноста на карпеста маса, дебелината непродуктивниот дел во наоѓалиштето, топографијата, инфраструктурата и други Хоризонтот за пробно истражување, како резултат на пробните истражувачки работи е
геолошки картиран и опробуван. Примероците се претставени со блокови подложни на тестирање. Врз основа на тест обработката, дефиниран е квалитетот на архитектонско
- градежните камени блокови и плочи со стандардни димензии.
Резултатите од пробните истражувачки работи и тест - обработката на архитектонски градежни блокови се клучен фактор за продолжување на геолошките истражувања и
докажување на резервите на архитектонско - градежниот камен во наоѓалиштата.

Item Type: Conference or Workshop Item (Paper)
Subjects: Natural sciences > Earth and related environmental sciences
Divisions: Faculty of Natural and Technical Sciences
Depositing User: Blagica Doneva
Date Deposited: 17 Feb 2023 10:35
Last Modified: 17 Feb 2023 10:35
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/31450

Actions (login required)

View Item View Item