Векови-мостови (Кон книгата „Од Климента до Блажета“ 2022, Свето Стаменов и Вера Стојчевска-Антиќ)

Vitanova-Ringaceva, Ana (2022) Векови-мостови (Кон книгата „Од Климента до Блажета“ 2022, Свето Стаменов и Вера Стојчевска-Антиќ). „Од Климента до Блажета“, Вера Стојчевска - Антиќ и Свето Стаменов, Скопје 2022. ISSN 978-608-66826-2-0

[thumbnail of Од Климента до Блажета.pdf] Text
Од Климента до Блажета.pdf

Download (195kB)

Abstract

Книгата со забележителен наслов „Од Климента до Блажета“, приредена од еден од најплодните македонски публицисти, Свето Стаменов, долгогодишен новинар на Македонското Радио и политиколог, претставува синтеза на дванаесет реализирани интервјуа со професорката Вера Стојчевска -Антиќ. Имено, Стојчевска-Антиќ важи за еден од најдобрите познавачи на македонската книжевно-јазична традиција и научник кој имал можност да биде во најнепосреден контакт со најголемите имиња на македонската и светската лингвистика. Жив сведок на ликот и делото на Блаже Конески и негов близок соработник, професорката Стојчевска-Антиќ ќе ги даде најзначајните прилози во современата македонска книжевна теорија и историја. Знаејќи го профилот на професорката, Стаменов на брановите на Македонското Радио – Радио Скопје реализира плодни разговори на теми од средновековната книжевност, теми за ликот и делото на македонските просветители и преродбеници, за големото дело на Крсте Петков Мисирков и секако, разговори за стожерот на македонската национална мисла, Блаже Конески.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Ana Ringaceva
Date Deposited: 13 Feb 2023 10:26
Last Modified: 13 Feb 2023 10:26
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/31414

Actions (login required)

View Item View Item