Сообраќајна бучава – еколошки проблем и во малите урбани средини

Hadzi-Nikolova, Marija and Mirakovski, Dejan and Doneva, Nikolinka and Zendelska, Afrodita (2022) Сообраќајна бучава – еколошки проблем и во малите урбани средини. In: Second Macedonian Road Congress, 03-04 Nov 2022, Skopje.

[thumbnail of Hadzi_Nikolova.pdf] Text
Hadzi_Nikolova.pdf

Download (4MB)

Abstract

Во последните неколку децении, сообраќајната бучава има сé поголемо влијание врз квалитетот на живеење. Како резултат на несоодветна, непланска урбанизација, интензивирање на сообраќајот, користење на застарени моторни возила, неквалитетни сообраќајници, се доживува како еден од значајните еколошки проблеми кој претставува реална закана за здравјето и квалитетот на живеење. За да се преземат ефективни мерки против сообраќајната бучава, императив е информацијата за нејзината дисперзија, односно моделирање на дисперзијата на бучава. Сегашните регулативи исто како и научните напори се фокусирани на големите метрополи - агломерации, иако двегодишниот монитонг спроведен во Штип (град со околу 50.000 жители) укажува на зголемени нивоа на бучава во поголемиот дел од градот. Насоченото следење и мапирање со помош на софтверот за моделирање на бучава SoundPLAN, укажуваат на сообраќајот како главен извор на бучава во урбаните средини. Целта на овој труд е да укаже на фактот дека и малите урбани средини, како што е Штип, исто така имаат проблем со високите нивоа на бучава. Од друга страна, тие немаат законска обврска да изработат стратешки карти за бучава и акциони планови за решавање на проблемите со бучавата. Трудот ги прикажува резултатите од мерењето на бучавата од патниот сообраќај и моделирањето на дисперзија на бучава во малиот, но динамичен град Штип, што укажува на зголемената загриженост за нивоата на бучава во слични средини низ цела Југоисточна Европа, обидувајќи се да одговори на прашањата: Дали малите урбани средени се безбедни од аспект на високите нивоа на бучава на кои е изложено населението и дали треба и тие да имаат акциони планови за намалување на бучавата?

Item Type: Conference or Workshop Item (Paper)
Subjects: Engineering and Technology > Environmental engineering
Divisions: Faculty of Natural and Technical Sciences
Depositing User: Marija Hadzi-Nikolova
Date Deposited: 04 Feb 2023 22:20
Last Modified: 04 Feb 2023 22:20
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/31317

Actions (login required)

View Item View Item