Пулполити - локално присуство или симптом на системски заболувања

Kovacevska, Ivona (2022) Пулполити - локално присуство или симптом на системски заболувања. In: Симпозиум со меѓународно учество: Стоматологија во практика - современ пристап, 05 March 2022, Prilep, on line.

[thumbnail of ФЛАЕР.jpg]
Preview
Image
ФЛАЕР.jpg

Download (154kB) | Preview
[thumbnail of ПРЕЗЕНТАЦИЈА 05.03.22.pdf] Text
ПРЕЗЕНТАЦИЈА 05.03.22.pdf

Download (6MB)

Abstract

Пулполитите, дентиклите, или пулпните камчиња, претставуваат ограничени промени во пулпното ткиво, дефинирани како минерална дегенерација. Мултикаузалната етиологија, се уште стриктно не прецизирана, ги прави овие елементи интересни за научната јавност и истражувачите.
Последната деценија се повеќе се потенцира конекцијата на пулполитите со системските заболувања, или со исти такви елементи во плунковите жлезди, бубрезите, жолчното кесе и слично.
Во презентацијата ќе бидат презентирани и хронолошки евалуирани современите аспекти за статусот на дентиклите, нивната конекција со слични калкулуси во организмот, како и можноста за рано детектирање на артериосклероза, исхемични промени и други системски заболувања, кои повеќе или помалку во даден момент го загрозуваат животот на популацијата.
Дали детекцијата на дентиклите – пулполитите, претставува еден вид превентивна мерка, или првична симптоматологија за сериозни, системски нарушувања, ќе биде дел од ова предавање.
Навидум безопасни, без особена симптоматологија, освен, при ендодонтската терапија на забите каде може да го усложнат третманот, камчињата на пулпното ткиво, може да претставуваат значаен симптом за системски нарушувања и хронични заболувања, па се препорачува внимателен и сериозен пристап при нивното откривање.

Item Type: Conference or Workshop Item (Lecture)
Subjects: Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Ivona Kovacevska
Date Deposited: 03 Feb 2023 09:49
Last Modified: 03 Feb 2023 09:49
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/31260

Actions (login required)

View Item View Item