Atanasova, Sandra and Carceva-Salja, Sofija and Proseva, Ljubica and Papakoca, Kiro and Rogoleva Gjurovski, Sonja and Naskova, Sanja (2022) Фотограметриска анализа на мекоткивниот профил на лицето со помош на анголни мерења. In: 9th Congress of Macedonian dental society with international participation "Challenging new era in dentistry: burden and opportunities", 15-18 Sept 2022, Ohrid, Republic of North Macedonia.
Text
Ohrid.pdf Download (1MB) |
|
Text
kongres MSD- Ohrid 2022.pdf Download (709kB) |
Abstract
Една од најважните компоненти на ортодонтската дијагноза и планирањето на третманот е евалуација на профилот на меките ткива на пациентот.
Цел: Целта на оваа студија беше да се проценат просечните аголни варијабили што го дефинираат профилот на лицето на меките ткива кај примерок со различен тип на малоклузии.
Материјал и метод: Анализирани се фотографии од профилот на лицето на 15 учесници (6 мажи и 9 жени) на возраст меѓу 20 и 31 година, со малоклузија I, II и III класа.
Резултат: Просечните аголни мерења независно од типот на малоклузија се фацијален агол 168,7°, назофронтален агол 139°, назолабијален агол 108,2° и ментолабијален агол 123,7°. Аголот на фацијален конвексност кај I, II и III класа ги има следните резултати 169,2°, 164,9° и 172°. Кај
II класа за жени 168,8° и мажи 162,2°; кај III класа 172,3° и 170,8°. Просечните мерни вредности за назофронталниот агол кај I, II и III класа се 135,6°, 136.6° и 144,9°. Кај II класа за жени 141,1° и мажи 133,6°; III класа 147.7° и 143°. Средните вредности за назолабијалниот агол се 104,5°, 110,8°
и 109,3°. Кај II класа, жени 111,9° и мажи 110,1° додека пак кај III класа 113,1° и 106,8°. Вредностите на ментолабијалниот агол се 120,4°, 109° и 141,8°. Овој агол кај II класа изнесува 110,1° за жени и 108,3° за мажи. Кај III класа вредностите се 130,4° и 149,5°. Кај учесниците со II и III класа, сите измерени агли се поголеми кај жените отколку кај мажите. Само ментолабијалниот агол кај III класа е поголем кај мажите. Во однос на типот на малоклузијата, добиени се најголеми вредности кај III класа, со исклучок на назолабијалниот агол каде најголеми вредности се добиени кај II класа.
Заклучок: Просечните вредности добиени од овој примерок може да се користат за споредба со резултати од други студии,како и за дијагноза и планирање на третман.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Poster) |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Health sciences Medical and Health Sciences > Other medical sciences |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Sandra Atanasova |
Date Deposited: | 01 Feb 2023 10:50 |
Last Modified: | 01 Feb 2023 10:50 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/31148 |
Actions (login required)
View Item |