Механичка текстилна технологија 1

Jordeva, Sonja and Zhezhova, Silvana (2022) Механичка текстилна технологија 1. Универзитет „Гоце Делчев“, Штип. ISBN 978-608-244-935-7

Full text not available from this repository.

Abstract

Овој учебник настана како резултат на потребата на студентите од II година на Технолошко-техничкиот факултет на студиската програма Дизајн и технологија на текстил и облека за совладување на знаењата по предметот Механичка текстилна технологија – прв дел. Учебникот е изработен според наставната програма за предметот како задолжителен предмет во II година во IV-ти семестар.
Учебникот содржи три поглавја: 1. Технолошки процеси во текстилната индустрија, 2. Технологија на предење и 3. Технологија на ткаење.
Во првото поглавје “Технолошки процеси во текстилната индустрија“ е дефиниран поимот технолошки процеси во текстилната индустрија и дадена е нивната поделбата на механички и хемиски што има за цел да ги воведе студентите во изучувањето на механичката текстилна технологија.
Во второто поглавје е обработен “Технолошкиот процес на предење“. Поглавјето започнува со општите поими и поделба на предењето, а продолжува со технолошките постапки на изработка на преѓа-системи на предење. Следува објаснување за видовите преѓи и нивните карактеристики. Посебен акцент е ставен на украсните преѓи. Од својствата на преѓите се обработени финоста, впредувањето, јачината, еластичноста и рамномерноста. Во продолжение се обработени технолошките процеси за предење на памук и волна. Поглавјето за технологија на предење завршува со објаснување за предење на отпадоци од свила и за предење на хемиските влакна.
Tретото поглавје од скриптата се однесува на “Технолошкиот процес на ткаење“. Во првиот дел се обработени подготвителните процеси за ткаење- премотување на преѓата, дублирање, кончење, сновење, скробење (штиркање) воведување и наврзување на основата и премотување на јатокот. Понатаму следува процесот на формирање на ткаенините на разбој. Посебна тема од технолошкиот процес на ткаење е преплетки кај ткаенините. За секој вид преплетка се дадени слики за ткајачките шеми што го објаснуваат начинот на ткаење.

Сметаме дека овој учебник значително ќе им го олесни на студентите совладувањето на наставната програма по предметот Механичка текстилна технологија 1.
Сакаме да ја изразиме својата најискрена благодарност до рецензентите за укажаните забелешки и сугестии.

Item Type: Book
Subjects: Engineering and Technology > Materials engineering
Divisions: Faculty of Technology
Depositing User: Sonja Jordeva
Date Deposited: 01 Feb 2023 10:33
Last Modified: 01 Feb 2023 10:33
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/31144

Actions (login required)

View Item View Item