Перцепција на слободата на изразување на медиумските работници во северниот и јужниот регион на Република С. Македонија.

Galeva, Jordanka and Koroveshovska, Iskra and Majhosev, Andon (2022) Перцепција на слободата на изразување на медиумските работници во северниот и јужниот регион на Република С. Македонија. [Project]

[thumbnail of Проект Перцепција на слободата на изразување на медиумските работници 2022.pdf] Text
Проект Перцепција на слободата на изразување на медиумските работници 2022.pdf

Download (375kB)

Abstract

Слободата на изразување е едно од основните права на човекот гарантирано со повеќе правни инструменти на ООН, на Советот на Европа, на ЕУ и на други меѓународни организации. Ова право истовремено претставува огледало на демократијата и инструмент за вреднување на степенот за нејзино спорведување во едно општество.
Република С. Македонија како држава членка на ООН, Советот на Европа и на други меѓународни организации го има имплементирано правото на слобода на изразување во Уставот на државата и Законите. Меѓутоа секојдневно сме сведоци дека медиумските работници во вршење на својата професионална работа често се соочуваат со разни притисоци од одделни центри на моќ кои го ограничуваат остварувањето на нивното право на слободата на изразување.
Во овој Научно-истражувачки проект ќе ја истражиме перцепцијата на медиумските работници за слободата на изразување, како и причините кои влијаат во ограничувањето на ова право. Целта на истражувањето е да дојдеме до конкретни сознанија за перцепцијата на степенот на цензура и автоцензура на медиумските работници во медиумите во северниот и јужниот регион на Република С. Македонија.

Item Type: Project
Subjects: Social Sciences > Media and communications
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Jordanka Galeva
Date Deposited: 02 Feb 2023 08:28
Last Modified: 02 Feb 2023 08:28
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/31102

Actions (login required)

View Item View Item