Основни принципи, значење и примена на ДНК -гел електрофорезата

Gorgevska, Marija and Velickova, Nevenka (2022) Основни принципи, значење и примена на ДНК -гел електрофорезата. In: 49-Oktomvriski sredbi na laboratoriski profesionalci i sanitarni tehnicari, 06-09 Oct 2022, Ohrid.

[thumbnail of poster_Gorgeska M.pdf] Text
poster_Gorgeska M.pdf

Download (714kB)
[thumbnail of programa.pdf] Text
programa.pdf

Download (1MB)

Abstract

Вовед: Имајќи ја во предвид улогата на протеините и протеидите во голем број на физиолошки процеси во организмот, од една страна, и нивната стабилност и чувствителност на одредена pH и ниска темепратура од друга страна, се повеќе се наметнува потребата од нивно истражување и валидација. Електрофорезата е исклучително важна лабораториска метода која служи за раздвојување на протеинските молекули и одредување на нивните генетски варијанти во различни телесни течности како крв, серум, плазма, урина или цереброспинален ликвор. На тој начин секој протеин, нуклеинска киселина, ген или егзон создава своја слика или генетски принт кој се разликува кај различни видови на организми. Цели на трудот: Со овој труд сакаме да ја потенцираме важноста и значењето на ДНК гел електрофорезата и нејзината примена во различни области од медицината кои се базираат на истражување на хуманиот геном, наследувањето на одредени болести и здравјето воопшто. Материјал и методи: Имајќи го во предвид принципот на работа на електрофорезата (раздвојување на макромолекули, врз база на нивната големина, облик и наелектризирање низ гел во кој се пропушта еднонасочна електрична струја), електрофорезата на нуклеински киселини се заснова на раздвојување на молекулите на ДНК и РНК, врз база на нивната големина и конформација како и фрагментирање на ДНК со помош на рестрикциони ензими и нивно визуелизирање. Електрофорезата на нуклеинските киселини најчестото се одвива во агарозен гел. Резултати и заклучок: ДНК електрофорезата нуди можност за испитување на хуманиот геном, за исцртување на генетските мапи и со нејзина примена се испитуваат голем број на физиолошки и метаболички процеси кои се поврзани со голем број на функции на организмот, неговата исхрана и севкупна здравствена состојба. Имајќи ги во предвид дека станува збор за едноставна, брза, ефтина и ефикасна метода како и можностите што ги нуди ДНК гел електрофорезата, лаборантите ќе можат истата да ја применуваат истата во пракса во прилог на современа медицинска лабораториска дијагностика.

Item Type: Conference or Workshop Item (Poster)
Subjects: Medical and Health Sciences > Basic medicine
Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Nevenka Velickova
Date Deposited: 03 Feb 2023 09:41
Last Modified: 03 Feb 2023 09:41
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/31027

Actions (login required)

View Item View Item