Mladenoski, Ranko (2022) Čuvar tajne. Književni klub P. N. Brčko distrikt BiH, Brčko, Bosna i Hercegovina. ISBN 978-99976-166-0-9
Text
Mladenoski Cuvar tajne za Repozitorium 2022.pdf Download (661kB) |
Abstract
Збирката раскази „Чуварот на тајната“ (објавена за првпат на македонски јазик во 2008 година од издавачот „Современост“ во Скопје) е објавена на хрватски јазик во превод на писателот, книжевниот критичар и преведувач Жарко Милениќ. Издавач на преведените раскази е Книжевниот клуб од Брчко во Босна и Херцеговина (Književni klub P. N. Brčko distrikt, BiH), а изданието е финансирано од Министерството за култура на Македонија. За оваа збирка раскази, преведувачот Жарко Милениќ пишува: „Збирката раскази „Чуварот на тајната“ од Ранко Младеноски, според многу нешта, претставува вистинско книжевно изненадување. Станува збор за разновидни раскази – некои од нив спаѓаат во фантастиката („Чуварот на тајната“, „Сонот и месечината“), некои се сатирични („Шалтер бр. 321“, „Пензионери“), за некои авторот наоѓа инспирација во историјата („Копнежот на стариот расказ“, Четворка шифт“, „Орестија“), а за некои во фолклорот („Василичарите на Василка“), во некои се расправа за женско-машките односи („Несреќната среда“, „Колбас и кременадла“), а во некои се расправа за теолошки теми („Сомнителна приказна“, „Samsung“). Некои раскази, пак, се проткаени со суптилен хумор („Грдотија“, „Дупка“). Оваа книга, иако според обемот не е голема, во себе крие длабочина која и проникливиот читател нема да ја открие само со едно читање. Во поплавата од книги кои денес се актуелни, а утре веќе не се, навистина треба да се препорачуваат вакви наслови коишто се редок пример за вредни книжевни дела“.
Item Type: | Book |
---|---|
Subjects: | Humanities > Languages and literature |
Divisions: | Faculty of Philology |
Depositing User: | Ranko Mladenoski |
Date Deposited: | 30 Jan 2023 10:34 |
Last Modified: | 30 Jan 2023 10:34 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/30991 |
Actions (login required)
View Item |