Исхрана на јагниња со подобрени пелетирани крмни смеси

Vanevska, Kristina and Nakov, Dimitar and Kuzelov, Aco (2022) Исхрана на јагниња со подобрени пелетирани крмни смеси. In: Критични прашања во земјоделството и животната средина, 11 Nov 2022, Stip, Republic of North Macedonia.

[thumbnail of Kniga na apstrakti_finalna.pdf] Text
Kniga na apstrakti_finalna.pdf

Download (833kB)

Abstract

Исхраната на фармските животни претставува најголемиот трошок за фармерите и главен фактор кој влијае врз економиката на сточарското производство. Физичката форма на добиточната храна (брашнеста, пелетирана, флекици и поп-корн формите) имаат значајно влијание врз искористливоста на хранливите материи и постигнување на добри производни резултати во сточарското производство. Главна цел на истражувањето беше воведување на подобрена и избалансирана пелетирана крмна смеса базирана на научни докази за товење на јагниња согласно стандардите на модерното сточарско производство. За следење на производните резултати во товот на јагнињата беа формирани две групи по 36 јагниња. Јагнињата во тест групата беа хранети со пелетирана крмна смеса, а јагнињата во контролната група со брашнеста крмна смеса. Товот на јагнињата во експериментот траеше 42 денови. Забележително беше дека на почеток на експериментот јагнињата во тест групата имаа помала просечна маса и помал прираст во споредба со јагнињата во контролната група. Меѓутоа, на крајот од експериментот јагнињата во тест групата постигнаа поголема просечна телесна тежина и подобар прираст во споредба со јагнињата во контролната група. Анализата на варијанса (ANOVA) за производните показатели на јагнињата зависно од исхраната со пелетирани или брашнести крмни смеси, покажа дека постои статистички значајна разлика (p<0,05) во средните вредности од производните показатели меѓу групите јагниња при направената контрола во петтата и шестата недела од експериментот. Употребата на пелетирани крмни смеси во овчарското производство, во интензивни услови на одгледување и тов на јагниња, овозможува подобрување на производните перформанси, можност за воведување на автоматизирана исхрана и намалување на трошоците за вработените и складирањето на храната.

Клучни зборови: исхрана, јагне, пелетирани крмни смеси

Item Type: Conference or Workshop Item (Speech)
Subjects: Agricultural Sciences > Animal and dairy science
Divisions: Faculty of Agriculture
Depositing User: Dimitar Nakov
Date Deposited: 13 Feb 2023 10:18
Last Modified: 13 Feb 2023 10:19
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/30981

Actions (login required)

View Item View Item