Јавна администрација

Denkova, Jadranka (2022) Јавна администрација. In: Јавна администрација. Универзитет „Гоце Делчев” - Шти, Е библиотека Универзитет Гоце Делчев Штип, pp. 1-252. ISBN 978-608-244-921-0

[thumbnail of Објавена во Е библиотека-1-13.pdf] Text
Објавена во Е библиотека-1-13.pdf - Published Version

Download (5MB)

Abstract

Предговор
Јавна администрација претставува значаен сегмент во остварувањето на функцијата на државата, а сето тоа ја прави сложена научна дисциплина. Мојата главна
цел е да им ги доближам до студентите новите форми и начини на функционирање на јавната администрацијата. Со оглед на тоа дека јавната администрација опфаќа обемна материја
самото по себе, дополнително оптоварување се честите промени на административните норми кои ги применува јавната администрација во Република Северна Македонија. Со оглед на тоа,
голем е предизвикот сето тоа да се претстави на јасен и разбирлив начин што ќе биде прифатлив за студентите. Притоа, настојував учебникот да даде опфат на сите сегменти што
се значајни за јавната администрација, кои на јасен и практичен начин ќе им ги приближам на студентите за улогата и значењето на јавната администрација како нераскинлив дел од целокупниот
административен систем, како и улогата и значењето на административните службеници како главни субјекти во тој систем. Така, целта на учебникот е студентите да се стекнат со основни
познавања за јавната администрација, како и улогата и значењето на јавната администрација во остварувањето на функциите на државата. Акцентот на учебникот е да се претстави
теоретскиот пристап, значењето, развојот на науката за јавната администрација, како и функцијата на администрацијата. Исто така, направив анализа на јавната администрација во
Европските земји, службеничкиот систем, анализирајки ги сите прашања поврзани со вработувањето на администрацијата, наградувањето, напредувањето, оценувањето на
администрацијата, дисциплинската и матријалната одговорност. Објаснети се и принципите на работење на администрацијата во Европските земји чии што правила се
унифицирани во Европскиот кодекс за добро административно однесување. Учебникот опфаќа содржини поврзани со новите пристапи на управување и организирање на
администрацијата. Содржината во учебникот има поставено јасна цел студентите да го разберат значењето на јавната администрација, комуникацијата во јавната администрација,
предметот, моделите на јавната администрација, а особено начинот на функционирање на администрацијата, за да можат како идни граѓани и вработени лица да се вклучат во
процесите на фунционирањето на административните органи, како идни административни службеници. Особено придонесот за студентите е во осознавање на прашањата кои се
однесуваат на ефикасноста на јавната администрација, преку воведување на електорнски систем на комуникација, новиот јавен менаџмент и системот за управување со квалитет. Учебникот
се осврнува и на начините и формите на одлучување, а особено внимание посветив на реформата на администрацијата, задржувајки се на сите значајни прашања што се однесуваат
на реформирање и организирање на администрацијата во Република Северна Македонија. Материјалот во книгата се заснова на релевантни научни истражувања и други, научни и
стручни показатели и практични примери, како и на сопствени анализи засновани на релевантни теоретски и практични пристапи. Верувам дека овој учебник ќе и овозможи на студентите,
јасен и лесен начин да го совладаат материјалот и да се стекнат со нови знаења од доменот на јавната администрација.

Item Type: Book Section
Subjects: Humanities > Other humanities
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Jadranka Denkova
Date Deposited: 30 Jan 2023 09:44
Last Modified: 30 Jan 2023 09:44
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/30959

Actions (login required)

View Item View Item