Tusevska, Borka (2017) Специфики на банкарската гаранција. Правна ревија правоматика, 2. pp. 62-80. ISSN 25454099
СПЕЦИФИКИТЕ НА БАНКАРСКАТА ГАРАНЦИЈА КАКО инструмент за обезбедување на побарување.pdf
Download (604kB)
specifikite na bankarskata garancija kako instrument za obezbeduvanje na pobaruvanje.pdf
Download (4MB)
Abstract
Во овој труд фокусот на нашето внимание е на банкарската гаранција, и нејзините специфики како инструмент за обезбедување на побарувања. Како личен/персонален инструмент за обезбедување на побарување, банкарската гаранција влегува во асортиманот производи и услуги на банкарскиот сектор, и тоа, во различни видови и под различни услови.
Во секојдневниот промет на стоки и услуги, бизнис секторот поклонува голема доверба на банкарските гаранции, перцепирајќи ги како најсигурени и најефикасени инструменти за обезбедување на исполнување на обврските од склучените трговски зделки. На зацврстувањето на позицијата на банкарската гаранција, големо влијание изврши и финансиската криза што ја зафати светската економија од крајот на 2007 година. Имено, паралелно со потребите и желбите за пенетрирање на нови пазари, растеше и недовербата односно стравот кај деловните субјекти од неможноста за наплаќање на своите побарувања. Токму овој сегмент од прометот на стоки и услуги, банкарскиот сектор го лоцираше како најподобно тло за пласирање на банкарските гаранции.
Земајќи ги предвид зголемениот обемот и забрзаната динамика на користење на банкарските гаранции, обемот и видот на личните и стварноправните инструменти за обезбедување на ризиците на банките од активирање на гаранцијата, како и провизијата што ја наплаќаат за извршената услуга, повеќе од јасно е на што се должи нивниот напор за масовно пласирање на банкарските гаранции помеѓу деловните субјекти. По основ на ова, во современиот промет на стоки и услуги, банкарските гаранции претставуваат еден од најексплоатираните инструменти за обезбедување на побарувањата на доверителите. Паралелно со експанзијата на овој инструмент за обезбедување на побарувања, во практиката и теоријата се наметнуваат дилеми и спорови кои се однесуваат на корпусот права и обврски произлезени од ова сложено правно дело.
| Item Type: | Article |
|---|---|
| Subjects: | Social Sciences > Law |
| Divisions: | Faculty of Law |
| Depositing User: | Borka Tusevska |
| Date Deposited: | 04 Feb 2023 20:18 |
| Last Modified: | 04 Feb 2023 20:18 |
| URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/30940 |
