Шпедицијата во современите услови на промет на стоки

Tusevska, Borka (2022) Шпедицијата во современите услови на промет на стоки. Working Paper. Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип.

Full text not available from this repository.

Abstract

Веќе неколку децении услугите претставуваат водечка движечка сила на глобалната економија. Во денешницата, воопшто не е тешко да се идентификуваат повеќе сектори (финансиски, телекомуникациски, транспортен сектор, итн.), „провајдери на услуги“ (service providers) коишто придонесуваат кон брз и масовен промет на стоки и услуги, и подобрувањето на економските перформанси на компаниите. Глобализацијата на бизнисот, експанзијата на полето на меѓународна размена, револуцијата на комуникациите, меѓународниот транспорт и платежните инструменти, ја трансформираа светската економија и го олеснија прометот на стока. Токму во овој сегмент, искуствата покажаа дека прометот (трговијата) не може да се одвива во отсуство на услугите од трети лица, посредници (intermediaries) во зделките, кои од правен аспект може да имаат различен статус, меѓутоа, во практична/реална смисла тоа се субјектите кои го олеснуваат прометот. Помеѓу посредниците посебно е значајна логистика во меѓународниот превоз што доаѓа од страна на шпедитерите, во странската литература познати како freight forwarders.
Појавата на шпедитерите е последица на трендот специјализација и поделба на работата помеѓу учесниците во прометот, познатиот концепт на “division of labour” Потребата од нивно асистирање потекнува од бројните и хетерогени проблеми со коишто компаниите се соочуваат при транспортирањето стока на домашниот, а особено на светскиот пазар (во суштина проблеми на увозно-извозниот сектор). Глобализацијата на економските активности, придружена со брзо и неограничено зголемување на количеството стоки во прометот, придонесе кон експанзија на улогата и значењето нa шпедитерот. Комплексноста на зделките како и бројот на субјекти (испраќач, превозник, складиштар, контролор, цариник, примач на стока, итн.) инволвирани во нив, неопходно ја наметна потребата од учество на координатор (intermediar) во процесот, именуван како шпедитер (freight forwarder).

Item Type: Monograph (Working Paper)
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Borka Tusevska
Date Deposited: 03 Feb 2023 12:22
Last Modified: 07 Feb 2023 09:21
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/30919

Actions (login required)

View Item View Item