Економика

Petrevska, Biljana (2022) Економика. Универзитет Гоце Делчев - Штип. ISBN 978-608-244-911-1

[thumbnail of Ekonomika.pdf] Text
Ekonomika.pdf

Download (1MB)

Abstract

Ракописот е наменет првенствено за студентите кои го изучуваат предметот Економика на Факултетот за туризам и бизнис логистика при Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип. Основна цел е да им помогне на студентите во совладување на најважните економски поими и концепти. Нивото и стилот на обработка на материјата се приспособени кон знаењата и потребите на студентите од додипломските студии.
Начинот на појаснување на сите обработени прашања е многу пристапен. Оттука и можноста за користење на овој материјал не само од студентите на Факултетот за туризам и бизнис логистика, туку и пошироко. Имајќи предвид дека е ова прво издание, не е исклучена можноста да има одредени недостатоци, па секоја сугестија и забелешка ќе бидат прифатени со посебно задоволство.
Учебникот е напишан со јасен и разбирлив јазик, методолошки структуриран во десет глави кои меѓу себе се надополнуваат. Секој дел започнува со кратко информативно појаснување за точките кои ја обработуваат главната тема. Воедно, поставени се целите на учење кои студентите треба да ги постигнат. Во секоја тема се вклучени примери на решени задачи со цел да ја доближат материјата до студентите. По секоја тема се понудени се прашања за дискусија што им овозможува на студентите да проверат дали ја разбрале наставната материја целосно. Истовремено, дадени се задачи за вежбање со понудено решение за самоконтрола како дополнителна подготовка за полагање колоквиуми. На крајот на ракописот се соодветно нотирани библиографските единици.
Учебникот се состои од шест глави кои ги покриваат најзначајните теми кои вообичаено се сретнуваат во литературата од оваа област. Во првата глава се обработени најелементарните економски поими и концепти кои се однесуваат на запознавање со поимот, предметот на проучување и методологијата на Економиката како наука, а воедно се појаснети основните поими за понуда и побарувачка, производна функција, потрошувачка, штедење и инвестиции, пари и бруто-домашен производ. Во втората глава се појаснети поимот и карактеристиките на трошоците заедно со начинот за нивно пресметување. Најважните концепти за управување со средствата се презентирани во третата глава. Четвртата глава ги разработува најважните принципи на составување калкулации, додека петтата глава е во целост посветена на управувањето со квалитетот на економијата. Шестата глава ги разработува основните постулати на Економика на туризам што е од посебно значење бидејќи ракописот е наменет и за студенти кои студираат туризам.
За подобноста, значењето и оправданоста на овој труд говори позитивниот извештај на рецензентите. Голема благодарност упатувам до проф. д-р Оливер Филипоски и доцент д-р Владимир Китанов од Факултетот за туризам и бизнис логистика при Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип, кои со своите коментари, предлози и забелешки придонесоа за зголемување на квалитетот на ракописот.
Искрено се надевам дека оваа книга ќе им биде од помош на сите студенти кои како определба во своето формално образование се одлучиле да ги осознаат основните економски поими. Одговорноста за сите грешки, пропусти и недостатоци што можат да се пронајдат низ текстот, е само моја.

Item Type: Book
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Tourism and Business Logistics
Depositing User: Biljana Petrevska
Date Deposited: 31 Jan 2023 09:29
Last Modified: 31 Jan 2023 09:29
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/30855

Actions (login required)

View Item View Item