Современ дискурс на дефинирање на војната и меѓународниот вооружен конфликт

Andonov, Oliver and Gorgiev, Toni (2022) Современ дискурс на дефинирање на војната и меѓународниот вооружен конфликт. In: Международна научна конференцил „студен мир под заплаха - интеграции и сигурност", 13th of May 2022, Департамент „Национална и международна сигурност (НБУ) - Софија.

[thumbnail of 9_Современ дискурс на дефинирање на војната.pdf] Text
9_Современ дискурс на дефинирање на војната.pdf

Download (2MB)

Abstract

Апстракт: Трудот „Современ дискурс на дефинирање на војната и меѓународниот вооружен конфликт" има два дела. Првиот дел се однесува на теорискиот развој на современото дефинирање на војната, односно на филозофија и физиономијата на војната и нејзината поврзаност со современата доктрина на вооружена борба. Вториот дел од трудот претставува осврт кон актуелните меѓународни односи низ призмата на гледање на вооружената агресија и нејзините последици. И двата дела од трудот се поврзани и во пракса актуелизирани низ примерот на вооружената борба и обидот за претставување на вооружената агресија како воена интервенција во Украина.
Тенденција е да ги појасниме новите гледишта како современата војна низ призмата на доктринарните измени на водењето на вооружената борба продолжува да претставува извор на загрозување на сигурноста. Да ги претставиме новите пристапи кон дефинирањето на војната во современи услови, и да направиме пресликување во рамките на меѓународните правни норми. Ќе се обидеме да го појасниме дискурсот на меѓународното воено право и вооружената агресија како детерминирани категории во меѓународното право.
Како резултат на овој теориски осврт ќе дадеме еден заклучок за современата доктрина на вооружената борба и гледиштата за политичко-прагматичното претставување на војната и судирот со определувањата во рамките на меѓународното воено право од правен и политичко-прагматичен аспект.
Клучни зборови: војна, физономија, филозофија, доктрина, агресија, воена интервенција.

Item Type: Conference or Workshop Item (Paper)
Subjects: Social Sciences > Political Science
Divisions: Military Academy
Depositing User: Oliver Andonov
Date Deposited: 27 Jan 2023 10:11
Last Modified: 27 Jan 2023 10:11
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/30851

Actions (login required)

View Item View Item