Политическите кризи и сигурността - вбтрешни и вбншни аспекти на вбздеиствието

Andonov, Oliver and Georgiev, Toni (2021) Политическите кризи и сигурността - вбтрешни и вбншни аспекти на вбздеиствието. In: Международна научна конференции „Кризи и сигурност - корелации и предизвикателства" Том 1. Кризи и сигурност на международно и регионално ниво, 14 May 2021, Департамент „Национална и международна сигурност (НБУ) - Софија.

[thumbnail of 2_Политическите кризи и сигурността - вътрешни и външни аспекти на въздействието OA TG.pdf] Text
2_Политическите кризи и сигурността - вътрешни и външни аспекти на въздействието OA TG.pdf

Download (2MB)

Abstract

Резтме: Современите политички кризи претставуваат секојдневие со кое државите се соочуваат како на внатрешен план, така и во недворешните односи, а пред се билатералните или меѓудржавни односи. Одтука, аспектите на влијанијата на политичките кризи се реализираат во општеството на две нивоа. Тоа се нивоата на меѓудржавен судир и на внатрешен политички судир, а при тоа чувството за несигурност може да биде на ниво на перцепција и на ниво на реализам.
Во секој случај, и надворешните и внатрешните аспекти на политичките кризи немора секогаш да значат воен аспект на загрозување на сигурноста. Покрај утврдената теза на класичната природа на војната и нејзината поврзаност со политиката преточена во дефиницијата на Клаузевиц: „Војната е продолжување на политиката со други средства", како и пристапот на СИПРИ во однос на дефинирањето на војната во услови на внатрешен вооружен судир, политичката криза во современите општествени и меѓународни односи воопшто немора да значи и присуство на војна заради загрозување на сигурноста.
Токму во овој труд ќе се обидеме да направиме една теориска анализа на невоените аспекти на влијанието на политичките кризи во билатералните односи и внатрешните аспекти во засегнатите држави. Како пример на создадена политичка криза, нејзиниот резултат на етнополитичка мобилизација и употреба на моќта на страните во кризата, перцепцијата на граѓаните и аспектите на меѓусебните (како надворешни) и внатрешните влијанија на политичката криза за потребите на овој труд ќе ја земеме актуелната политичка криза помеѓу Бугарија и Македонија.
Тенденцијата на оваа анализа е да даде научен придонес во надминувањето на кризата и дефакторизација на елементите кои и од двете страни се употребени за секуритизација на политичката криза. Воедно да се дадат дефиниции на политичката криза и сигурноста низ призмата на меѓународното право, сигурноста и политиката, со отворање на можноста истите да имаат конструктивно значење во надминувањето на кризата како помеѓу државите, така и внатре во самите нив и десекуритизација на кризата што ќе доведе до отстранување на фактичката и перцепираната несигурност или недоверба.
Клтчови думи: политичка криза, сигурност, надворешни и внатрешни влијанија

Item Type: Conference or Workshop Item (Paper)
Subjects: Social Sciences > Political Science
Divisions: Military Academy
Depositing User: Oliver Andonov
Date Deposited: 26 Jan 2023 19:15
Last Modified: 26 Jan 2023 19:15
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/30846

Actions (login required)

View Item View Item