20 години Воена академија

Smileski, Rose and Deskovski, Stojce and Nikolov, Elenior and Stojcev, Aleksandar and Taneski, Nenad and Trajchevski, Neven and Mitkovska-Trendova, Katerina and Bogatinov, Dimitar (2015) 20 години Воена академија. Other. Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, Штип.

[thumbnail of MonografijaVA.pdf] Text
MonografijaVA.pdf - Published Version

Download (2MB)

Abstract

Монографијата на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски" е напишана со намера да се забележи периодот на создавањето, растот и развојот на Академијата, како ембрион на високото воено образование во Република Македонија. Создадена во годините кога се создаваше и Армијата на Република Македонија, Воената академија ја започнува својата работа скромно, со ограничени материјални и кадровски ресурси, но со голем ентузијазам и силна желба за успех.
Монографијата е вредно сведоштво за сите што биле активни чинители во севкупниот развој на Воената академија. Во текот на дваесет години, на Академијата била ангажирана голема плејада на наставници и соработници кои, пренесувајќи го своето знаење и вештини на питомците и на студентите, придонесувале за развојот и за угледот на институцијата. Денес тие се искусни кадри кои се наоѓаат на важни позиции во Министерството за одбрана и во Армијата на Република Македонија, во Министерството за внатрешни работи, во Центарот за управување со кризи, во Дирекцијата за заштита и спасување и во други државни институции, давајќи свој придонес во развојот на средината во која работат.
Почетните услови за основање и работа на Воената академија не беа многу поволни, бидејќи Република Македонија немаше традиција во областа на военото образование, a со тоа не постоеја соодветни просторни, кадровски и други услови за работа. Затоа, покрај образованието и обуката на питомците, Воената академија веднаш беше исправена и пред предизвикот за создавање сопствен наставен кадар, просторни и наставно-материјални услови за работа. Денес Воената академија претставува модерна високообразовна и научно-истражувачка установа за образование на кадри за потребите на: Министерството за одбрана, Армијата на Република Македонија, управувањето со кризи и заштитата и спасувањето и е придружна членка на Универзитетот „Гоце Делчев" од Штип. Академијата има постојано нагорна линија на развој како во областа на образованието и обуката, така и во научно-истражувачката дејност, за што секојдневно придонесуваат сопствените кадровски ресурси. Академијата претставува сериозна високообразовна институција на која, покрај питомците и студентите за потребите на Република Македонија, се едуцираат и кадри за потребите на вооружените сили на Црна Гора, на Босна и Херцеговина и на Косово.
За вкупните резултати остварени на Воената академија во изминатите дваесет години заслужни се многу институции: Владата на Република Македонија, Министерството за одбрана и Генералштабот, командите и единиците на Армијата на Република Македонија.
Монографијата содржи хронологија на настаните и развојот на Воената академија, осврт на нејзините втемелувачи и кадри и сето она што ја чини мисијата и визијата во годините што претстојат, а ќе ги има многу, бидејќи го чествуваме само дваесеттиот роденден. Нашите амбиции и идни планови тргнуваат од основната мисија на Академијата, а тие се: низ реализација на студиските програми на сите циклуси, таа да образува, да обучува, стручно да усовршува и да инспирира питомци, студенти и слушатели од земјата и од странство, способни да се наметнат како вистински лидери и професионалци. Потоа, низ научно-истражувачката, апликативната, советодавната и творечката дејност да биде водечка институција во државата во областа на оперативните вештини во доменот на одбраната, на кризниот менаџмент и напорите за воспоставување и одржување на светскиот мир и безбедност. Академијата не смее да има затворени граници и да дејствува на мал простор, туку мора да биде место за остварување значителни научно-истражувачки резултати, пренесување на знаење и отвореност за нови идеи и програми.

Item Type: Monograph (Other)
Subjects: Humanities > Other humanities
Divisions: Military Academy
Depositing User: Neven Trajchevski
Date Deposited: 20 Jan 2023 09:45
Last Modified: 20 Jan 2023 09:45
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/30812

Actions (login required)

View Item View Item