Практикум по бази на податоци

Martinovska Bande, Cveta and Stojanova, Aleksandra and Bikov, Dusan (2017) Практикум по бази на податоци. ISBN 978-608-244-104-7.

Full text not available from this repository.

Abstract

Овој практикум има за цел да се користи како учебно помагало за совладување на материјалот од вежби заедно со краток теоретски осврт во секој дел. Тој е поделен во два дела. Поголемиот дел од задачите се преземени од поставените задачи во книгите [1],[2],[3],[4] и [5] кои воедно се и главната литература за овој предмет. Првиот дел од овој практикум содржи задачи кои се наменети за аудиториски вежби по предметот Бази на податоци. Целта на овој практикум е да се прикажат основните концепти на базите со податоци заедно со решени задачи од секоја област. Овде се опфатени областите за претставување на базите на податоци преку ентитет- асоцијација (Е-R) дијаграми, претставени се моделите за релациони бази и користењето на релациона алгебра. Опфатена е нормализацијата на базите на податоци до 4-та нормална форма. Поголем осврт е даден на SQL јазикот, неговата општа синтакса и начинот на кој се извлекуваат податоците за приказ од базата на податоци. Спомната е потребата од креирање погледи и индекси и општатата синтакса за нивно креирање. Исто така се дава осврт и на правилата на интегритет при формирање на табелите и поставувањата на можни ограничувања на примарните и надворешните клучеви. Понатаму се претставени начините за правење измена на базите на податоци, со измена на редови, односно записи (нивно внесување, ажурирање и бришење-DML) и измена на постоечките атрибути, односно колони (додавање бришење на колони и бришење на цели табели-DDL).Во следниот дел се обработени тригерите и тврдењата (assertions) кои реагираат на одредени промени во базите и овозможуваат или спречуваат нивно реализирање. Следниот дел е претставувањето на XML, како стандард за меморирање, прикажување и размена на податоци во софтверската индустрија. Се прикажани неговите основни структурни особини и е даден посебен осврт на DTD кој ја дефинира валидноста на секој XML документ. На крај е претставен објектно-ориентираниот модел за приказ на базите на податоци и се претставени начини за креирање на кориснички дефиниран тип на податок (UDT). Вториот дел од овој практикум содржи упатство за користење на Microsft SQL Server и основни примери и задачи за креирање и бришење на база. Креирање и бришење и манипулација со табели. Дефинирање на ограничувања при креирањето на табели. Креирање на индекси и погледи. Користење на XML со бази на податоци. И на крај се дадени упатства за поврзување на Java програма со MySQL база на податоци и C# програма со SQL Server база на податоци. Овој дел е организиран така што едно поглавје покрива еден неделен час од лабораториските вежби.

Item Type: Teaching Resource
Subjects: Natural sciences > Computer and information sciences
Divisions: Faculty of Computer Science
Depositing User: Dusan Bikov
Date Deposited: 20 Jan 2023 09:35
Last Modified: 20 Jan 2023 09:35
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/30804

Actions (login required)

View Item View Item