Miteva-Kacarski, Emilija and Cabuleva, Kostadinka and Georgieva Svrtinov, Vesna (2022) Транснационалните компании како субјекти на меѓународната трговија. Годишен зборник на Економски факултет, 23 (1). pp. 43-60. ISSN 1857- 7628
Text
Transnacionalnite kompanii kako subjekti na megjunarodnata trgovija.pdf - Published Version Download (304kB) |
Abstract
Денес, транснационалните компании се доминантни
носители на меѓународната трговија. Според податоците на УНКТАД,
денес во светот постојат околку 77 000 матични претпријатија на
транснационални компании со околу 770 000 филијали во странство. За
ваквата значајна распространетост на транснационалните компании во
светската економија, “заслужни” се тековите на странските директни
инвестиции. Токму, предмет на анализа во овој труд се глобалните текови
на странските директни инвестиции во временскиот период 2008-2021
година, чии носители се транснационалните компании. Резултатите
од истражувањето укажуваат на изразени флуктуации во поглед на
движењето на СДИ, при што глобалната пандемија предизвикана од
вирусот КОВИД-19 предизвика драматичен пад на странските директни
инвестиции во 2020 година од 40% во споредба со нивната вредност од 1
540 милијарди долари во 2019 година. Ова ги доведе странските директни
инвестици под 1 000 милијарди долари, за прв пат после 2005 година.
Имено, ненадејната и истовремена интеракција на шоковите на страната
на понудата и побарувачката, во комбинација со политичките реакции на
кризата ширум светот, предизвика серија ефекти врз странските директни
инвестиции. Затворањето на работните места, производствените погони
и градилиштата заради спречување на ширењето на вирусот предизвика
итни одложувања во реализацијата на инвестициските проекти. Во 2021
година, глобалните текови на странски директни инвестиции беа 1 580
милијарди долари, што е за 64% повеќе од нивото на СДИ во текот на
првата година од пандемијата предизвикана од вирусот КОВИД-19. Сепак, глобалната средина за меѓународен бизнис и прекугранични инвестиции
драматично се промени во 2022 година, како резултат на војната во
Украина, која што се случи додека светот сѐ уште се справуваше со
влијанието на пандемијата.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Emilija Miteva |
Date Deposited: | 16 Jan 2023 12:12 |
Last Modified: | 16 Jan 2023 12:12 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/30772 |
Actions (login required)
View Item |